Размислувате да ја прескокнете теретаната денес? Можеби тоа е поздравиот избор за вас

Доколку посветувате големо внимание на вашата форма и се придржувате до строг распоред за вежбање, одвреме-навреме треба да си земате слободен ден. Неодамнешните истражувања покажале дека деновите за одмор се од витално значење за здравјето на коските. Според добиените резултати, луѓето кои вежбале интензивно со недели забележале зголемено воспаление и покачување на нивото на протеини кои го попречуваат развојот на коските во телото.

Размислувате да ја прескокнете теретаната денес? Можеби тоа е поздравиот избор за вас

Истражувачите 9 месеци следеле 15 жени веслачи кои тренирале од 12 до 21 час неделно за Олимписките игри во 2016 година. Научниците земале примероци од крвта на олимписките атлети за време на процесот за да го измерат нивото на два протеина во телото: Остеопротегерин, кој го спречува намалувањето на минералите во коските (корисен протеин) и склеростин, кој го попречува формирањето на коските (штетен протеин).

Истражувањето покажало дека нивоата на остеопротегерин се намалиле што значи дека атлетите биле изложени на ризик од загуба на коскена маса. Протеинот склеростин доминирал кај веслачите во текот на неделите кога интензивно тренирале, а се намалувал кога се одморале. Тоа значи дека во неделите кога немале слободни денови за одмор, кај атлетите биле забележани протеински нивоа кои се штетни за здравите коски. Авторите исто така забележале дека кај веслачите имало зголемено ниво на воспаленија што може да доведе до болка и здравствени проблеми за време на интензивните вежби.

Што значи ова за вас?

Секако дека не треба целосно да се откажете од вежбањето во име на цврстите коски. Сепак, фитнесот има позитивно влијание на здравјето на коските за луѓето кои не се професионални спортисти.

Не можеме да знаеме какво значење имаат овие откритија за нас обичните смртници, бидејќи истражувањето било спроведено на неколку олимписки атлети. И покрај тоа, оваа студија, како и многу други, го потенцира значењето на деновите за одмор. Претходните истражувања докажале дека одморот помеѓу тренинзите им помага на мускулите да оздрават и правилно да се формираат, го намалува ризикот од повреди и во некои случаи го подобрува имунитетот.

Доколку се чувствувате особено уморни денес, без двоумење земете си слободен ден. На тој начин можеби ќе му го дадете на вашето тело токму она што му треба.

Денес е вашиот ден за одмор? Погледнете ја оваа сала за вежбање која нуди часови по дремење за сите уморни луѓе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар