Размислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на ум

Размислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на ум

Колку пати ви се случило нешто да ви влијае толку силно што едноставно не сте можеле да ја задржите вашата реакција и тотално сте полуделе без размислување? Доколку ова ви се случува често, тогаш можеби би требало да се обидете подобро да се спознаете самите и да сфатите зошто се случуваат овие силни реакции. Погледнете ги 3-те нешта кои секој треба да ги запомни за гневот кога почнува да чувствува дека тој им бега од контрола…

Размислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на ум

1. Гневот мора да биде ослободен

Опасното нешто кај гневот е што бара од личноста да му обрне внимание. Без разлика дали станува збор за кршење, фрлање, удирање, вриштење или плачење, тој едноставно мора да биде ослободен. За несреќа, оваа потреба често води кон импулсивни и непромислени одлуки кога луѓето најчесто кажуваат или прават нешта кои не се својствени за нив.

Наместо да се обрне внимание на проблемот, луѓето го игнорираат до самиот крај и потоа настанува експлозија која никој не може да ја контролира. Но, тие не само што се повредуваат самите со ова однесување, туку ги повредуваат и другите околу нив. Трикот е да се најде активност која ќе ви служи како еден вид „вентил“ низ кој ќе можете да ги ослободувате овие негативни емоции без притоа да повредите никој околу вас.

2. Гневот води кон обвинување

Кога луѓето се гневни, тие веруваат дека имаат право да се чувствуваат така. Сè додека пламенот на гневот гори, некој мора да плати. Но, вината никогаш не се бара во себе, туку во шефот, родителите, пријателите или партнерот. Вие постојано верувате дека доколку тие се променат и вашиот живот би бил многу полесен. Но, сте се запрашале ли некогаш дека можеби вие сте проблемот?

И покрај тоа што во моментот можеби ви изгледа очигледно дека знаете чија вина е за тоа што се случува (сигурни сте дека не е ваша), подобро би било доколку не покажувате со прсти сè додека не се смирите. Понекогаш не е важно што некој направил или кажал, туку зошто вие сте реагирале токму на тој начин. Тоа е нешто кое можете да го најдете само длабоко во себе.

3. Гневот нема чувство за време и место

Секој човек може да се разлути во кое било време и на кое било место, без разлика на изворот за неговиот гнев. Доколку некој ги притисне вистинските „копчиња“ на одредена личност, тој или таа ќе доживеат внатрешна експлозија која и да сакаат не можат да ја контролираат. Проблемот е што поголемиот дел од луѓето никогаш не ги анализираат ситуациите кои доведуваат до вакви реакции и ги оставаат секојдневно да се таложат сè додека не настане нова експлозија.

Многу е полесно да се свртите и да продолжите да го мразите светот. Вие го насочувате своето внимание кон други нешта, држејќи ја болката која иронично, предизвикува да се чувствувате добро. Таа ви го поддржува мислењето дека светот не е фер и ви дава причина постојано да се жалите. Сите ние сме одлични во заговарање, преправање и криење. Тоа што е навистина тешко е да собереме храброст и едноставно да се соочиме со самите. Откако тоа ќе се случи ќе сфатите дека вие не мора да реагирате, туку само да дејствувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар