Разликите помеѓу врската со зрел маж и онаа со детинесто момче

Разликите помеѓу врската со зрел маж и онаа со детинесто момче

Саботна вечер е и вие забележувате како во просторијата влегува момче кое добро изгледа. Можеби уште веднаш почнувате да барате изговор за да му пријдете, или пак само ги оставате работите природно да се случуваат. Зборувате, танцувате, разменувате броеви, можеби на крај и се бакнувате за добра ноќ, а потоа се разделувате.

Разликите помеѓу состанувањето со маж и состанувањето со момче

Во недела вечер телефонот ви ѕвони и гледате дека е тој, момчето од претходната ноќ. Дел од вас се надевал дека веднаш ќе ви се јави, но искрено не очекувавте повик во наредните неколку дена. Длабоко во себе дури и не очекувавте тој воопшто да се јави. Но, тој ве побарал бидејќи е заинтересиран и затоа што сакал вие да го знаете тоа. Тој не сакал да ве остави да се прашувате дали ќе ве побара, а е и доволно сигурен за да го покаже својот интерес, без да се плаши дека ќе биде одбиен. Сака да знае какви се вашите планови за неделата што доаѓа, затоа што сака да ве види и да ве запознае во поинакво светло. Тој сака да знае дали помеѓу вас може да постои некоја поврзаност. Се понудува да ве земе од дома не затоа што сака да знае каде живеете, туку затоа што смета дека така е најдобро. Тој ја отвора вратата од автомобилот за вас, како знак на внимание.

На крајот на вашиот состанок, тој ќе ја плати сметката, но сепак ќе ја види вашата реакција, за да процени дали од ваша страна постои можност вие само да го искористувате и дека би излегувале со него само поради бесплатните храна и пијалаци. Тој може на моменти да се почувствува вака, но никогаш нема да ви го признае тоа. Вашата намера е она што му значи многу. Кога ќе се вратите дома, тој ќе ве придружува до вратата, каде што ќе ве бакне за добра ноќ. Не очекува дека ќе му возвратите веднаш, но длабоко во себе се надева на тоа. Ова е состанок, но и пример за тоа како би изгледала врската со него: Тој ќе ви се јави, нема да чека, ќе зборува со вас за да ве запознае, а не за да го пополни слободното време, а и ќе се однесува добро кон вас, но затоа што тој е таков каков што е, не каков што мисли дека треба да биде културен на почетокот.

Разликите помеѓу состанувањето со маж и состанувањето со момче

Кога се состанувате со маж, тој ќе биде искрен кон вас и во добри и во лоши времиња. Ќе ви каже многу работи кои другите момци се плашеле да ги изговорат и ќе ви го каже секое незадоволство на начин кој нема да ве повреди или да ве понижи. Од друга страна, момчињата никогаш нема да прифатат одговорност за своите грешки и не знаат како да се справат со непријатните ситуации. Со мажите можете да дискутирате, додека момчињата само ќе ја префрлуваат вината на вас. Кога се состанувате со маж, тој ќе се труди да ја задржи вашата врска да биде свежа, силна и здрава. Момчињата ќе дозволат добрите времиња бргу да исчезнат и ќе се откажат при првата борба. Мажите ќе продолжат да се борат да ја спасат својата врска, додека момчињата едноставно ќе ве пуштат да си заминете, затоа што тоа е најлесната работа што можат да ја направат.

Кога се состанувате со маж, тој ќе сака и двајцата да бидете еднакви во вашата врска. Тој ќе го прави ова затоа што сака да ви покаже дека е единствениот маж кој ќе ви биде потребен во вашиот живот и дека вие сте единствената за него. Момчињата ќе чекаат вие да ги поставите работите, избегнувајќи какво било вложување што е можно подолго. Момчињата сакаат да имаат торта и целата да ја изедат, додека мажите знаат што поставуваат на масата и не се плашат да јадат сами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар