Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

Иако не изгледа како голем временски период, сепак постојат огромни разлики помеѓу она што девојките го бараат од своето момче во раните 20-ти и она што им е потребно во доцните 20-ти години. Причината за овие разлики се наоѓа во зрелоста, искуството и познавањето на себе.

Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

Рани 20-ти: Вие сакате момче

Карактеристиките на ова момче не се толку важни. Сè додека имате згоден дечко покрај вас кој ќе ве мотивира да одите во теретана, друго ништо не ви е важно.

Доцни 20-ти: Вие го сакате вистинското момче

Преку глава ви е од сите жешки лоши момци со кои врската не оди никаде и сакате да ја најдете вашата сродна душа. Вие повеќе не сакате да трошите време на момче кое нема да биде покрај вас засекогаш.

Рани 20-ти: Вие сакате некој кој ќе се согласи со вашите правила

На почетокот на вашите 20-ти ни вие самите не знаете точно што барате, па токму затоа си поставувате најразлични правила кои понатаму ги тестирате со цел да откриете што ви одговара, а што не.

Доцни 20-ти: Вие сакате некој со кој ќе бидете еднакви

Играњето улога на опуштена и пасивна девојка веќе не ве интересира. Вие сте созреале и токму затоа сте повеќе сигурни во своите ставови и сакате личност која ќе ги цени исто толку колку што ги цените и вие.

Рани 20-ти: Сакате да ги импресионирате луѓето

Ако тој изгледа добро, тогаш дефинитивно ќе изгледа подобро покрај вас. И тоа е всушност вашата крајна цел – сакате луѓето да зборуваат за вашиот добар избор.

Доцни 20-ти: Сакате да бидете импресионирани

Вам ви е потребно момче кое ќе ги промени целосно вашите перспективи кон животот. Веќе не ви е важно дали тој ги импресионира другите, важно ви е тој да ве импресионира вам бидејќи не се грижите за мислењето на оние околу вас.

Рани 20-ти: Сакате некој кој може да ве следи во секој чекор

Вие живеете брз живот и немате намера да успорувате за никого. Вие сакате момче кое ќе може да ве следи на сите журки до раните утрински часови, на сите социјални настани како и во сите други идеи кои ќе ви паднат на памет.

Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе ве успори

Вие сакате момче кое ќе ве потсети да ги цените дури и најмалите нешта во животот, бидејќи сте преморени од брзото темпо на живот кое до неодамна сте го практикувале.

Рани 20-ти: Сакате некој кој вашите пријатели ќе го сакаат

Зарем би можеле да бидете со личност која вашите најблиски пријатели не ја одобруваат? Понекогаш вие повеќе верувате во нивната проценка отколку во вашата.

Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе биде вашиот најдобар пријател

Како што сè повеќе ваши пријатели наоѓаат свои партнери, вие почнувате да барате личност која ќе го замени нивното 24-часовно присуство во текот на денот. Вие сакате личност која ќе ги чува вашите тајни, како и вашето срце.

Рани 20-ти: Сакате да се однесувате како деца

Вие сè уште се сметате за недораснато дете кое го има целиот живот пред себе, па токму и тоа е еден од вашите изговори зошто секогаш заедно со вашиот партнер запаѓате во неволја.

Доцни 20-ти: Вие размислувате за деца

Доволно сте зрели и одговорни да се грижите и за некој друг освен за себе, па токму затоа мислата да имате ваши деца почнува сè почесто да ви прелетува низ вашиот мозок. Особено ако сте во врска со партнер кој можете да го замислите како татко.

Рани 20-ти: Вие копнеете по драма

Постои нешто чудесно пријатно во драмата, бидејќи за вас тоа е знак дека другата личност инвестира исто толку во оваа врска како и вас. Во овој момент, драмата во врската е најинтересниот дел од вашиот живот. Многу често ја поврзувате и со страст.

Доцни 20-ти: Вие бегате од драма

Вие се чувствувате удобно во вашата кожа, немате ништо што би сакале да го скриете, па токму затоа истото го барате и од вашиот партнер. Вие сте уморни од сите оние игри кои досега сте ги играле и сакате сигурна и стабилна врска во која ќе гледате иднина.

Рани 20-ти: Барате некој покрај кој ќе заспиете

Убаво е чувството кога имате некоја личност која би дошла во кое било време доколку вие ја повикате. Токму тоа и ве прави да се чувствувате како да не сте сами.

Доцни 20-ти: Барате некој покрај кој ќе се разбудите

Веќе не сакате момчето само да го пополнува празното место на вашиот кревет, вие сакате да се разбудите покрај него и да изградите заеднички живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар