Разбудете се освежени: 9 бјути трикови кои може да ги практикувате додека спиете

Разбудете се освежени: 9 бјути трикови кои може да ги практикувате додека спиете

Иако вие спиете, вашето тело сепак работи – поправа, подмладува и се полни со енергија. Па зошто не ја искористите таа моќ и да го потпомогнете процесот? Следете ги овие совети и разбудете се чувствувајќи се и изгледајќи уште поубаво.

0-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mk

1. Бришење на брчките

Можеби веќе користите анти-ејџинг серум или некоја ноќна крема, но употребата на маска за спиење е најефективното нешто. Овие маски се можеби најдоброто нешто што би сакале да го ставите на лицето додека паѓате во длабок сон. Целете кон маска полна со екстракт од брусница и хијалуронска киселина – за еластичност, хидратација и измазнување на лицето.

Совет плус: Пред да ја ставите маската нанесете хидратантна крема.

2. Добро одржувани стапала

Ако вашите стапала се испукани и суви, тогаш ние го имаме совршеното решение за овој мачен проблем! Нанесете вазелин или која било густа хидратантна крема и потоа облечете памучни чорапи. Практикувајте го ова секоја вечер пред да легнете да спиете затоа што чорапите овозможуваат кремата да остане на вашата кожа и да се впие што е можно подобро.

3. Свиленкаста коса

Имате долга коса и секогаш се плашите дека ќе ја оштетите додека спиете. Звучи познато? Вистина е дека кога се превртувате во креветот се создава триење кое води до електризирање и кршење на косата. Како да се справите со овој проблем? Лесно. Користете сатенски навлаки за перница, кои поради лизгавата површина ѝ дозволуваат на вашата коса да се движи мазно, без да предизвикува триење. Или уште подобро решение – спијте со лабава плетенка.

4. Хидратизирани усни

Не е потребно многу за да имате убави усни. Нанесете тенок слој масло од бадем на усните пред да си легнете и така ќе добиете меки, мазни усни кои секој би сакал да ги бакнува.

1-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mk

5. Меки кутикули

Ако сакате да имате меки кутикули, тогаш втријте малку кокосово масло во ноктите пред да заспиете. Вака ќе ги хидратизирате кутикулите и ќе ги зајакнете ноктите.

6. Долги и густи трепки

Постојат неколку серуми за природно растење на трепките, но тие се прилично скапи и ретко достапни на нашите пазари. Затоа, постои едноставно решение кое најверојатно се наоѓа некаде низ вашата куќа. Пробајте со рицинусово масло. Многу внимателно нанесете го на горната линија на трепките со помош на чепкалка за уши. Вака ќе имате подолги и погусти трепки за 8 недели. Вреди да се проба, особено затоа што е бесплатно!

7. Меки раце

Кога веќе го знаете трикот за меки стапала, време е да ви ја кажеме „тајната“ за меки раце. Ексфолијацијата од кафеав шеќер и маслиново масло е совршена, а по неа употребете масло со витамин Е како додаток на вашиот крем за раце. Облечете ракавици и легнете да спиете. Наутро ќе се разбудите со помеки раце кои изгледаат помладо.

8. Сјајна кожа

Ако сте спремни да се посветите на оваа рутина, тогаш веднаш ќе забележите сјај на вашата кожа. Користете масло со витамин Е пред да нанесете ноќен крем. Исто така, може да користите маслиново масло и со лесни потези да го масирате лицето додека не се впие во кожата. Практикувајте го ова секоја вечер.

9. Ослободете се од мозолчињата

Ако сакате да се ослободите од нив тогаш нанесете паста за заби на проблематичните делови. Оставете да делува преку ноќ и измијте го лицето наутро.

Совет плус: Важно е да користите паста, а не гел.

2-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар