Разбудете ја романсата со сите пет сетила

Дали чувствувате дека вашата врска ја губи романсата? Тоа би можело да се случи доколку вие и вашиот партнер меѓусебно не си ги поттикнувате сетилата. За среќа, тоа може лесно да се поправи. Испробајте ги следниве совети и вратете ја романсата во вашата врска.

Разбудете ја романсата со сите пет сетила

Вратете се на вистинскиот пат

Креирајте плејлиста инспирирана од раните денови на вашата врска и пуштете му ја на партнерот да ја слушне, заедно со чаша вино. Музиката продира длабоко во мозокот и душата, ја враќа возбудата и ќе ве потсети на романтичините моменти кога за првпат сте ги слушнале тие песни. Покрај тоа, музиката ќе ве раздвижи, за потоа  да продолжите со сензуално заведување. Танцот ќе го зголеми вашето задоволство и истовремено ќе ја продлабочи врската.

Прегрнете се

Понекогаш, само прегрнувањето на партнерот и длабокото вдишување се доволни за да ја разбудите страста. Ова објаснување води потекло од ритуалите кои се изведуваат во текот на процесот на размножување, кога спротивниот пол го привлекуваме со феромоните, кои потоа се вклопуваат во нашата природна арома. Прегрнувајте се секојдневно со партнерот и дишете длабоко во неговата прегратка за да ја продлабочите вашата врска преку мирисот.

Разбудете ја романсата со сите пет сетила

Подгответе незаборавен оброк

Ако на вашиот прв состанок сте отишле во некој италијански ресторан, повторно создадете ја истата атмосфера, но на поинаков начин. Подгответе некој италијански специјалитет, послужете вино, а цвеќињата можат да бидат одлична романтична декорација. Заедничката вечера ќе ве потсети на посебната интимност која постоела на почетокот на врската. Јадењето заедно создава поврзување, кое за возврат создава окситоцин, познат како „хормонот на среќата“, а тоа значи и повеќе љубов.

Разголете ја душата

Обидете се да го изненадите партнерот со масажа на стапалата . Се разбира, бидете подготвени и вие да добиете иста таква масажа за возврат. Не само што на тој начин ќе го ослободите партнерот од напнатоста, туку и, според традиционалната кинеска медицина, ќе ги стимулирате виталните органи, преку допирот ќе ја изразите љубовта и повторно ќе се поврзете.

Разбудете ја романсата со сите пет сетила

Станете поетични

Иако можеби звучи чудно, рецитирањето на љубовна поема на партнерот ќе создаде незаборавна врска со вашиот глас, а со тоа вие ќе му покажете колку ви е важно вашето партнерство. На тој начин партнерот ќе ја сфати вашата подготвеност за одржување на врската.

Подобрете ја атмосферата во спалната соба

Создадете рај од мириси, со избирање на релаксирачки ароми што ви се допаѓаат вам и на вашиот партнер. Испрскајте ја постелата со мирис на лаванда, запалете миризливи свеќи со иста арома, а на вашето тело нанесете неколку капки парфем. Доколку немате парфем од истата мирисна нота, може да употребите етерично масло со мирис на лаванда.

Разбудете ја романсата со сите пет сетила

Подгответе ја бањата

Изненадете го партнерот во бањата. Подгответе му „ритуално капење“ со морска сол и етерично масло, придушете го светлото (повторно можете да ги искористите свеќите) и подгответе му чиста облека што ќе го чека после капењето. На овој начин ќе му покажете колку се грижите за него, а мирисите кои ќе ги употребите ќе ја зацврстат вашата врска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар