Радостите на животот ве одминуваат бидејќи…

Ако немате сѐ што сакате во животот, можеби треба да престанете да барате оправдувања во кармата, астрологијата или минатиот живот. Доколку ништо ново не ви си случува во изминатиот период, време е да престанете да ги правите следните неколку работи.

Радостите во животот ве одминуваат бидејќи...

Мислите дека читањето е доволно

Мислите дека доколку читате книги за самопомош и личен развој, работите сами по себе некако ќе се средат. За жал, реалноста е поинаква. Книгите се тука само за да ве подучат, но нема да ја завршат целата работа за вас.

Мислите дека зборувањето е доволно

Колку пати сте зборувале за планови кои сте кажале дека дефинитивно ќе ги исполните и на крајот ништо не се случува? Одлучете се да зборувате само за целите што веќе ги имате исполнето и да не си давате лажни ветувања.

Мислите дека успехот се случува преку ноќ

Запомнете дека ќе биде потребно многу време за да смените нешто во животот, но тоа не е причина уште веднаш да се обесхрабрите и откажете. Ослободете се од притисокот дека мора да успеете уште веднаш и уживајте во процесот на промена.

Се грижите што мислат другите

Можете или да се грижите што другите ќе кажат или едноставно да си ја вршите работата. Луѓето секогаш ќе имаат што да кажат. Што и да правите, не дозволувајте тоа да влијае врз вашите сништа и долгорочни цели.

Чекате да се „наместат“ ѕвездите

Немаме ништо против астрологијата, која некогаш може да биде многу корисна, но никогаш не се откажувајте од нешто што многу сакате да го направите само поради еден хороскоп. Моќта повеќе лежи во вас, отколку во ѕвездите.

Се потпирате на автосугестија

Мислите дека автосугестијата е доволна за да успеете во нешто и да се промените. Да, таа е корисна, но само ако е пропратена со соодветно однесување и дејствување од ваша страна.

Не правите ама баш ништо

Ако нешто не оди, прашајте се дали воопшто превземате некаква акција или само се обидувате да се убедите дека веќе сте направиле сѐ што сте можеле. Не ги одложувајте работите што треба да ги завршите, почнете со завршување на една задача и ќе видете колку поубаво и поисполнето ќе се чувствувате. Само така ќе сфатите дека сѐ зависи од вас.

Доколку се пронајдовте во повеќето од овие точки, тогаш е време нешто да промените. Наместо да се фокусирате на надворешните фактори на кои не можете да влијаете, барем потрудете се да се промените себеси, едноставно да дејствувате и навистина да ги почувствувате радостите на животот!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Neli avtorot za sebe pisuva deka samata veruva vo astrologija i pozitivno razmisluvanje?

Остави коментар