Работи што треба да ги запаметите пред да се преселите во домот каде што тој живеел со бившата

Работи што треба да ги запаметите пред да се преселите во домот каде што тој живеел со бившата

Новите почетоци по разводот или раскинувањето се прекрасни. Нема ништо подобро од тоа кога ќе успеете да го преземете следниот чекор и да најдете некого со кого би можеле повторно да го споделите животот. Сте решиле да живеете заедно со партнерот, но проблемот настанува кога треба да го одберете местото на живеење. Најпрактичното решение е вие да се преселите во неговиот дом, но што ако таму порано живеела неговата поранешна девојка? Како да се справите со сите нејзини спомени кои живеат на местото каде што вие треба да изградите нови сеќавања со саканиот? Ова се 3-те работи што треба да ги имате предвид пред да се преселите во домот каде што вашиот партнер живеел со поранешната девојка…

Работи што треба да ги запаметите пред да се преселите во домот каде што тој живеел со бившата

1. Дали ќе ви пречи тоа и дали би требало воопшто да ви пречи?

Ако ги погледнете работите од практичен аспект, тогаш не би требало да имате проблем со оваа ситуација. На крајот на краиштата, дом си е дом. Сентименталноста е она што нѐ врзува за материјалните работи. Ослободете се од минатото за да можете да продолжите понатаму кон иднината.

2. Дали ќе ви биде лесно да се прилагодите на идејата дека ќе живеете во домот што вашиот партнер го делел со бившата?

Секако дека не! Можеби ќе се обидете да го надминете чувството на непријатност, но сосема нормално е да ви биде непријатно на почетокот. Преселбите будат чувства на несигурност и страв, а уште полошо е кога мора да се справите со овие емоции во дом каде што бившата девојка на вашиот сакан живеела. Тука не станува збор само за живеалиште, туку за дом, место каде што вашиот партнер имал соништа, надежи и амбиции со друга личност! Ќе имате чувство како куќата да ви е опседната од некој дух од минатото.

3. Што можете да направите за да го намалите стресот?

Најпрво, купете нов душек. Спиењето на кревет кој вашиот партнер го делел со бившата е во најмала рака непријатно! Што се однесува до останатиот дел од домот, ако можете да го промените, сторете го тоа. Поентата е да створите дом заедно, а тоа можете да го направите со реновирање. Тоа не значи дека треба да рушите ѕидови или да додавате соби, но почнете со мали промени како што се нов мебел или фарбање на ѕидовите. Не заборавајте да го вклучите и вашиот партнер во целиот процес. Дозволете му и нему да избира бои и побарајте негово мислење.

Најважно е да се чувствувате пријатно во новиот дом, бидејќи само така ќе ја зачувате врската и ќе бидете среќни.

Доколку не сте сигурни дали треба да живеете заедно со саканиот, прочитајте ги овие 20 причини да се вселите со својот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар