Работи кои треба да ги научите од Италијанците

Италијанците надалеку се познати по својот опуштен став кон животот. Тие знаат да живеат убав живот, кој не подразбира само луксуз, туку живот фокусиран на убавите нешта и фамилијата. Ова се неколку работи кои може секој од нас да ги научи од Италијанците.

Работи кои треба да ги научите од Италијанците

1. Јадете полека и никогаш сами

Во Италија не постои брза храна во вистинската смисла на зборот, иако постојат такви синџири на ресторани. Таму се јаде полека, во кругот на семејството или пријателите, а не пред телевизор или компјутер. Покрај тоа тие секогаш практикуваат природна и локално произведена храна.

2. Пијте, но не претерувајте

Италијанците си го обожуваат своето вино, но никогаш не претеруваат во консумирањето. Тие знаат да пијат со стил.

3. Престанете да брзате и почнете да живеете опуштено

Животот во оваа земја не е ни приближно брз како што налага новото време. Луѓето не трчаат по улици со кафето во рака, туку секогаш имаат време да застанат и да се напијат едно еспресо. Тие не обрнуваат толку внимание на максималната точност, туку повеќе се фокусираат времето да го поминат во добро друштво.

4. Најдобрата работа на светот е да живеете блиску до семејството

Фамилиите во Италија секогаш гледаат да живеат што поблиску едни до други, наместо да се селат во различни краеви. На овој начин, фамилијата секогаш е блиска и владее почитување. Собирањето на целата фамилија на неделен ручек е исто така одлична традиција која го зближува семејството.

5. Грижете се за „својата појава“

Ова не се однесува толку на физичкиот изглед, туку на јавниот имиџ. Ретко може да видите пијан Италијанец на улица, човек како јаде на нога дур шета во град или некој цел ден да го помине во пижами. Сите овие работи можат да го нарушат нивниот имиџ. Ова е начин на живеење кој ја фаворизира естетиката и убавото однесување.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар