Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

Колку и да се грижиме за нашето здравје, сепак постојат некои работи за кои не ни помислуваме дека можат да бидат фатални по нашата здравствена состојба. Ова не значи дека треба да најдете начин во целост да ги исфрлите од вашиот живот, но доколку секоја од овие работи е премногу присутна во вашето секојдневие тогаш треба да преземете нешто.

Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

1. Тешко пронаоѓате љубов

Доколку имате тешкотии да најдете партнер, тоа може да ве мачи и да ви го скрати животот за неколку месеци. Но, доколку подолг период сте сами, тоа може тотално да ве уништи. Истражувањата покажале дека луѓето кои никогаш нема да се венчаат, го зголемуваат ризикот за смрт за 32%.

2. Седите неколку часа дневно

Доколку седите по повеќе од три часа дневно можете да изгубите две години од животот. Едно истражување направено во Австралија покажало дека дури ни редовното вежбање не може да ги намали негативните ефекти од седењето.

Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

3. Занемарување на пријателите

Луѓето со послаб социјален живот имаат поголема стапка на смртност, а долгогодишната осаменост може да биде лоша за здравјето исто колку секојдневно пушење на 15 цигари. Од друга страна е докажано дека постарите лица кои имаат голем број пријатели, за 22% ги зголемуваат своите шанси да живеат подолго. Друштвените врски позитивно влијаат на здравјето на мозокот.

4. Вегетирање пред телевизор

Само два часа дневно пред телевизор може да доведе до предвремена смрт, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Според некои истражувања секој час поминат пред телевизор по навршувањето на 25 години, го скратува животот за 21,8 минути.

5. Јадете премногу нездрава храна

Брзата храна, белиот леб, црвеното месо, сувомесните производи и многу други продукти, кога се јадат во преголема количина ни го скратуваат животниот век за околу 20%.

Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

6. Не можете да најдете работа

Невработеноста може да го зголеми ризикот од предвремена смрт, судејќи според едно канадско истражување кое траело 40 години и во кое учествувале околу 20 милиони луѓе од 15 земји. Уште едно истражување покажало дека кај белите жени најчести фактори поврзани со прерана смрт се пушењето и невработеноста. Докажано е и дека постарите лица кои ја губат својата работа за време на рецесијата, губат три години од својот живот поради оваа промена во животот.

7. Долго патување до работа

Доколку долго патувате до работното место, го зголемувате нивото на стрес, ги добивате истите негативни ефекти како кај седењето, ги намалувате и шансите да учествувате во здрави активности.

Најголем ризик имаат жените кои до работното место патуваат 50 или повеќе километри. Едно шведско истражување го поврзува долгото патување до работното место со зголемување на тежината, несоница и со високата стапка на разводи.

8. Сексуална неактивност

Едно истражување направено на мажи покажало дека неможноста за редовно доживување на оргазам потенцијално може да ја зголеми смртноста за 50% во однос на оние кои редовно имаат сексуални односи. Ова е случај кога се одземаат факторите како пушење цигари, старост и социјалниот статус. Од друга страна, оргазмите се поврзани со голем број здравствени придобивки.

9. Лош однос со колегите на работа

Недостаток на поддршка од страна на колегите може да биде силен показател за ризик од предвремена смртност, тврди едно истражување направено од Универзитетот во Тел Авив.

Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

10. Премалку или премногу спиење

Истражувањата покажале дека животниот век се скратува доколку спиете помалку од пет часа или повеќе од девет часа дневно. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со кардиоваскуларни болести, дијабетес, некои врсти рак, деменција, когнитивни проблеми, дебелина и прерана смрт.

Според голем број истражувања, на човекот му се потребни 8 часа сон за да функционира нормално, но според некои други сè што е повеќе од 7 часа дневно е премногу и штетно.

11. Се плашите од смртта или не сакате да живеете онолку колку што треба

Болен парадокс е тоа што стравот од смрт го скратува животниот век. Едно поново истражување во кое учествувале пациенти кои боледуваат од рак, покажало дека животниот век кај оние кои се плашеле од смртта се намалувал.

Кај оние луѓе кои не боледуваат од смртоносна болест, интензивниот страв од смртта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за три до пет пати. Благиот страв има позитивно влијание, бидејќи го тера човекот да ја зголеми физичката активност и му ја зголемува желбата за здрав живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар