Работи кои ниту една жена не сака да ги чуе, а сепак ѝ ги кажуваат

Некогаш, мислејќи дека кажуваат нешто убаво или воопшто неразмислувајќи, луѓето знаат да кажат нешто со кое ќе повредат нечии чувства. На многу луѓе јазикот им е побрз од умот, па сите слушаме работи кои нè погодуваат, нервираат, повредуваат, лутат или бунат. Но кога станува збор за жените, работата е малку покомплицирана бидејќи бројот на такви нешта е огромен и сепак, зависи од самата индивидуа. Да, ние имаме тенденција да се лутиме за секакви ситници, но во глобала следниве неколку реченици не би сакала да ги чуе ниту една жена, никогаш.

(1)-raboti-koi-nitu-edna-zhena-ne-saka-da-gi-chue-a-sepak-i-gi-kazhuvaat-kafepauza.mk

Слатка си

Нема полошо чувство од тоа кога жената флертува со некој маж и тој ѝ кажува дека е слатка. Во нејзините уши, овие зборови се перципираат како детинесто смешна и интересна, наместо секси и убава кон што и веројатно целела.

Имаш навистина убаво лице

А што е со телото? Подобро воопшто не ѝ ни давајте комплимент доколку не знаете што точно да кажете, бидејќи ова вришти дека не ви е привлечна.

Зошто не се смееш?

Навистина? Па дали би требало постојано да се смее? И нели е можеби подобро да се запрашате дали навистина сте толку интересен како што мислите, кога веќе нема никаква реакција од нејзина страна?

Мора да е убаво да добиваш бесплатни пијачки

Ова е веќе навреда. Нормално дека е убаво да добиеш бесплатна пијачка, но тоа не значи дека таа не е способна сама да си ја купи. Таа има слобода да пие што сака и колку сака, а на крајот на краиштата, никој не те тера да ја понудиш со пијачка доколку не сакаш.

Дали внимаваш на тежината?/Си ослабела

Не знам дали со ова машките мислат дека покажуваат внимание, но на секоја жена ова јасно и гласно ѝ кажува дека е дебела. Дури и навистина да внимава на својата линија, нејзин е изборот што и како ќе прави со својот живот и своето тело.

Изгледаш уморно

Ако навистина се чувствува уморно, тогаш сигурно и знае дека се чувствува уморно. А тогаш најмалку ѝ треба некој уште и да ѝ го потенцира тоа. Убав збор би дошол добро, за промена.

Си ја променила фризурата/Тоа што го имаш облечено изгледа… различно

Да, бидејќи вака ѝ се допаѓа повеќе, а и можеби ѝ е потребна промена. Затоа ако немате нешто убаво да кажете или новиот изглед не ви се допаѓа доволно за ѝ кажете дека изгледа убаво, подобро молчете.

Сама си поради тоа што си била во врска со погрешни мажи

Дали навистина мислите дека не го знае тоа? И која е поентата на потенцирање на овој факт? Бидејќи сигурно нема да направи да се чувствува подобро.

Па и немаш многу фатено боја (после одмор)

А можеби и такви ѝ се гените, па тешко поцрнува. Или можеби има алергија на сонце, па не може да се сонча на плажа по цел ден. Или па и нема желба за сончање и сосема ѝ е удобно под сенка. Како и да е, тоа е нејзин проблем и нејзин избор.

Без гајле, вистинскиот ќе се појави кога најмалку очекуваш

Ако ова треба да помогне кога е факт дека сите очекуваат и бараат и се надеваат, тогаш навистина немате поим што зборувате. Сите девојки го сакаат својот принц на бел коњ, а додека да го имаат, подобро не им спомнувајте дека е тука некаде.

Даде сѐ од себе

Ова звучи навистина добронамерно, но и целосно сожалувачки, а никој не сака да биде сожалуван. Подобро би било да ѝ дадете совет што да смени кон подобро следниот пат отколку да се обидете да ја разведрите со реченица која не ни знаете дали е точна. Едноставно нема да успеете.

Сѐ се случува со причина

Дали? И од каде знаете? Бидејќи баш и нема врска дека е така. Некогаш работите се случуваат бидејќи ете, се случуваат. Тука така, без посебна причина и без никакво објаснување. А тогаш една прегратка може да помогне многу повеќе.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар