Работи кои не треба да ги делите со никого

Не е проблемот во другата личност, тука станува збор за вашето здравје и за вашата хигиена. Експертите и дерматолозите тврдат дека со причина постојат работи кои не треба да ги делите со другите. Ова се еден дел од нив кои редовно се користат.

Работи кои не треба да ги делите со никого

Сапун

Иако многумина мислат дека сапуните кои се наменети за миење на бактериите се безбедни за користење, сепак не е баш така, Бидејќи по користењето, сапунот не се суши целосно, може на него да останат бактерии. Па, токму поради тоа експертите советуваат дека не треба да го делите со другите.

Капи, кациги, четки и чешли за коса

Овие работи никако не смеете да ги делите со други. Можете да фатите вошки, а истото може да се случи и доколку користите туѓа перница.

Грицкалка за нокти

Ретко кој правилно ја дезинфицира грицкалката за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.

Шминка

Маскарата, карминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништува бактериите, подобро е да не ја делите со други.

Брич

За ова и не треба некое преголемо објаснување. Доволно е да се каже дека на жилетите може да има крв, а сите работи на кои може да има нечија крв, треба да се одбегнуваат.

Антиперспиранти

Незгодниот мирис на одредена врста пот доаѓа од бактериите кои ја разградуваат потта на кожата. Дезодорансите, имаат одредени антибактериски својства кои го спречуваат тој мирис. Од друга страна, антиперспирантите имаат својство да го намалат потењето. Па така ако со некого го делите вашиот стик, бактериите можат да се пренесат. Со дезодорансите нема никаква опасност, но со стиковите и ролоните има.

Работи кои не треба да ги делите со никого

Пијачки

Делењето на чаша или шише со пијалак или вода доведува до размена на плунка, а преку неа и голем број болести и бактерии. Овие бактерии можат да предизвикаат воспаление на грло, настинки, херпес, менингитис и други болести.

Четка за заби

За време на миењето на забите, кај некои луѓе доаѓа до крвавење на непцата, а покрај тоа во устата може да има и голем број бактерии, па затоа не се препорачува да се дели со друг.

Обетки

Кога ќе ги пикнете обетките во дупчињата од ушите можете да ја оштетите кожата, а со тоа и да пренесете бактерии од претходниот корисник.

Слушалки

Истражувањата покажале дека честата употреба на слушалки го зголемува количеството на бактерии во ушите. Делењето на исти слушалки со некого, може да доведе и до воспаление на ушите. Затоа одбегнувајте да ги делите и редовно чистете ги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Последните години како да се направи една сега веќе вообичаена практика меѓу маладиот свет особено меѓу женската популација да се позајмува облека.Најчесто кога се оди на забави,родендени или други пригоди се земаат фустани,пантолони,здолништа од другари или другарки и тоа оди во круг од мене на тебе ,па другиот на третиот и така кругот се проширува.Знам дека сега веднаш ќе речете глупости па јас знам од кого позајмувам,од близок пријател или другарка па дури од брат или сестра.Тука блискоста или
    пријателството нема ама баш никаква врска .На тој начин не се искажува добрината,ДА тоа може но ако пред тоа сте ја однеле облеката на хемиско чистење но тоа најчесто не се прави.Секоја индивидуа ,секое тело си има свои телесни мириси,свои телесни секрети едноставно свои особености.Во последно време во голем подем се кожните заболувања,многу габични инфекции се пренесуваат на тој начин.па облекувањето на облеката од еден на друг е само уште еден добар фактор кој придонесува за нивно ширење и потешко лекување.Иако во денешно време се трошат многу средства за одржување на личната хигиена сепак многу бактерии и габични заболувања стануваат резистентни,отпорни на се поголемиот број на такви хемиски средства така што човекот влегува во еден затворен круг каде, особено е тоа случај кај габичните инфекции,го лекува тоа заболување но тоа се повторува несвесно при тоа не отстранувајки го еден од причинителите за негова појава.
    Можеби за некого е ова неразбирливо но некогаш треба да се размислува малку по широко.
    Ви благодарам на вниманието.

  2. емилија Reply

    Виктор секој твој пост има интересни податоци и со задоволство ги читам..продолжи да не информираш :)

Остави коментар