Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Драги дами, додека да го најдете човекот кој ќе го закити вашиот прст барајќи да го поминете остатокот од животот со него, ќе излезете на многу состаноци и ќе запознаете најразлични личности.

Ние девојките имаме развиено чувство за мечтаење за иднината и многу почесто тежнееме кон нешто сериозно. Се спремате за прв состанок со момче кое ви изгледа како ваш потенцијален партнер. Додека ви симнува ѕвезди и вие летате во облаци, лесно може да занемарите многу важни нешта во неговото однесување.

Ова се неколку работи на кои секогаш треба да обрнете внимание на првиот состанок:

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Бакшиш

Тоа е непишано правило, девојката никогаш не ја плаќа сметката на првиот состанок. Сакате бунете се дека од една страна урламе за рамноправност а од друга страна вие плаќате сметка, не е битно. Тоа секој го знае бидејќи е еден вид џентлменски гест. Таа може да понуди да плати макар половина, должност на дечкото е да го одбие тоа барање. Е сега, стигнавме до темата бакшиш.

Кај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?

И всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.

Секако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?

Насилни гестови

Само што влеговте во ресторанот а тој се спречка со некој кој му го попречил патот? Дали тропа по масата, прегласно зборува и демонстрира вистинска драма бидејќи келнерот му ја згрешил нарачката? Внимавајте девојки, вие сте на состанок со насилен и арогантен тип на кого нема да му е проблем така да се однесува и со вас.

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Џентлменски потези

Некој рекол дека ако дечкото ѝ ја отвора вратата од колата на девојката, тогаш или му е нова девојката или му е нова колата. Шала на страна, никој не бара од нив постојано да се однесуваат како потрчковци. Ама ви се молам, отворање врата од кола барем на првиот состанок ако ништо друго! Прв си го намести столчето и си седна, прв си ја кажа својата нарачка, хм, можеби воопшто не се труди да ве импресионира. А ако не вложува труд, зошто би вложувале вие?

Неговиот поглед

Да не се лажеме. Вие сте дотерани и убави и нормално е да ве посакува. Манијачките погледи се веќе нешто друго. Додека вие му зборувате за некоја добра книга тој гледа во вашето деколте?

Па баш добра работа направила мајка му со неговото воспитување. Ако ве гледа само како сексуален објект, се знае колку знае да ги цени и почитува жените. Да, имате право да станете од масата и да си заминете.

Културата на однесување

О не, тој само што ја фрли празната кутија од цигари на патот? Или мастиката ја остави залепена на чаршафот во ресторанот? Или можеби подждригна гласно и си ја избриша устата со ракавот? Чекајте, сигурни сте дека не сте на состанок со 5-годишник?

Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

Без контрола во пиењето

Уште не завршил со вечерата а тој е веќе статива? Дали претера со пиењето? Најверојатно си имате работа со хроничен алкохоличар. Ако воопшто не се воздржува на првиот состанок, што ќе биде следно?

Не го пушта телефонот од рака

Човекот може да биде зафатен, но ако не успева да се ослободи од обврските додека е на романтичен состанок, тогаш може слободно да очекувате да ви се придружат неговите деловни партнери кога ќе славите годишнина. А може пак само да се преправа дека е зафатен со цел да ве импресионира. Да не знаеш што е полошо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар