Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

Филмовите се виновни за многу несреќни љубовни врски. А и како не би биле, кога во речиси секоја романтична комедија, главната актерка покрај себе го има најхрабриот херој, кој ги прави некои од следниве работи:

Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

1. Ѝ доаѓа на девојката под прозор и ѝ пее

Повеќето од девојките кога ќе се скараат со момчето, седат на својот кревет, плачат и се обидуваат да го добијат на телефон. Филмскиот јунак ќе сфати дека тоа што го направил е погрешно, па ќе трча да го поправи проблемот со букет црвени ружи пред вратата на девојката на која ѝ ги повредил чувствата. Ако треба ќе седи надвор и на дожд ќе ѝ пее серенади, понижувајќи се пред комшиите и ќе нѐ натера нас девојките, кои плачеме пред телевизорот, уште повеќе да ги мразиме своите момчиња.

2. Се заљубува во девојката од соседството иако е опкружен со манекенки

Успешниот бизнисмен кој е постојано опкружен со убави жени и може да ја има која и да ја посака, одеднаш одлучува дека љубовта на неговиот живот е комшиката која ја сретнува на пат до пекарницата? Филмовите нѐ научија дека на патот до контејнерите можеби ќе ја сретнеме љубовта на нашиот живот, што можеби и не е толку нереално, но мажот сигурно во тој „романтичен“ момент додека го фрламе ѓубрето, нема да застане пред нас за да ни го побара телефонскиот број, иако сме облечени во пижами.

3. Се заљубува во девојката иако се договорени дека се заедно само за секс

Ештон Кучер и Натали Портман, Џастин Тимберлејк и Мила Кунис имаат неколку заеднички работи: преубави се, се имаат договорено дека се заедно само за секс кој не вклучува никакви емоции и потполно се нереални. Паровите кои се само пријатели со бенефиции, ретко завршуваат како оние на телевизија, бидејќи дури и едната личност да се заљуби, другата не ги има истите чувства, па неминовно ќе дојде до раскинување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар