Психолозите советуваат: Сменете го начинот на размислување и пронајдете ја среќата!

Можеби сметате дека или си среќен или не си и не постои ништо што би можело да го смени тоа како се чувствувате. Но, наводно можете да научите да бидете среќни. Сѐ што ви треба е добра волја и неколку нови позитивни навики. Мартин Селигман го привлече светското внимание со неговата листа од 21 навика заеднички за сите среќни луѓе.

Психолозите советуваат: Сменете го начинот на размислување и пронајдете ја среќата!

Во 2004 година, Мартин Селигман, таткото на „позитивната психологија“ формулирал 3 типа начини на живот кои носат среќа:

  • Живот во удобност, исполнување на животот со што е можно повеќе пријатни емоции преку уредување на живеалиштето.
  • Живот исполнет со грижа и посветеност, наоѓање среќа во работата, родителството, љубовта и заслужениот одмор.
  • Стремеж да се исполни животот со значење преку пронаоѓање на сопствената сила и употребување на истата за живеење за нешто големо и значајно.

Селигман спровел истражување под наслов „Што ги прави луѓето најзадоволни со животот?“ и дошол до изненадувачки резултати. Потрагата по задоволство нема никаква врска со вистинската среќа. Хедонизмот е само јаготка на шлагот, но главните состојки се или чувство на посветеност или чувство на значење. Во продолжение погледнете ги навиките кои се заеднички за сите среќни луѓе на светот…

1. Опкружени се со други среќни луѓе

Среќата е заразна. Истражувањата покажале дека ако сте опкружени со среќни луѓе, поголема е веројатноста дека ќе пронајдете среќа во иднина.

2. Често се смеат

Дури и да не сте баш расположени, сетете се на нешто убаво и не заборавајте да се насмевнете на таа помисла. Но, не се преправајте дека сте весели. Смеењето придружено со негативни мисли само ќе ги влоши работите.

3. Способни се да заздрават

Психолозите веруваат дека нашата способност да заздравиме по лошите вести е вистинскиот противотров за депресија. Среќните луѓе знаат како да се повратат по доживеаниот шок. На некој начин ова е природно оружје против сите неизбежни лоши работи со кои треба да се соочиме во текот на животот. Во таа смисла, една јапонска поговорка гласи: „Падни седум пати, стани осум“.

4. Се обидуваат да бидат среќни

Едноставно е исто толку колку што звучи. Обидете се да бидете среќни и тоа ќе биде доволно за да ја подобрите вашата емоционалната состојба.

5. Обрнуваат внимание на малите победи

Многу е важно да ги прославувате сите ваши големи и значајни достигнувања. Но, вистински среќните луѓе никогаш не пропуштаат прилика да уживаат во малите победи. Забележувајте ги сите мали позитивни нешта и ќе бидете позитивни во текот на целиот ден.

Психолозите советуваат: Сменете го начинот на размислување и пронајдете ја среќата!

6. Ги ценат малите животни задоволства

Јадење сладолед на клупа, играње со куче, гледање зајдисонце… Среќните луѓе знаат како да ги ценат тие навидум безначајни пријатни работи кои се појавуваат сосема случајно и се бесплатни. Таа благодарност за сѐ што се случува е директно поврзана со среќните и исполнети поединци.

7. Одвојуваат време за добри дела

Без оглед на тоа колку им е натрупан распоредот, позитивните луѓе одвојуваат време за да направат хумани дела. Секогаш кога ќе направиме нешто убаво за другите, го збогатуваме нашиот живот. Каква било волонтерска работа е добра превенција за депресија. Според психолозите, дарежливоста го поттикнува лачењето на допамин, а тоа предизвикува чувство на еуфорија.

8. Си дозволуваат да изгубат чувство за време

Секогаш кога сме внесени во нешто комплицирано, инспиративно и значајно, се наоѓаме во посебна состојба позната како „текот“. Среќните луѓе потсвесно бараат активности преку кои ќе можат да ги тестираат нивните вештини и мотивација, затоа што се стремат кон добро дефинирани цели кои ќе им претставуваат предизвик. Тие го следат „текот“ и оставаат на него да ги однесе до успехот.

9. Претпочитаат длабоки разговори наместо површни муабети

Нема ништо лошо во тоа да размените неколку опуштени, бесмислени реченици со пријателите, но само длабок и суштински разговор може да ви помогне да добиете смисла во животот. Една од петте работи за кои се каат смртно болните луѓе гласи „Посакувам да бев поотворен кон тоа да разговарам за моите емоции“. Поминуваме премногу време во озборување, наместо да разговараме за значајни работи кои ќе нѐ исполнат духовно.

10. Трошат пари на други

Среќата може да се купи со пари. Но, само ако ги трошите на други луѓе, а не на себе. Подобро е да се дава отколку да се добива.

11. Знаат да слушаат

Кога слушате, го збогатувате вашето знаење. Кога зборувате, го затворате умот. Вашата способност да слушате е доказ за вашата самоувереност и почит кон соговорникот. Поради тоа луѓето ќе ве ценат, а вие ќе бидете посреќни. Способноста внимателно да се слуша е вештина која ги зацврстува сите меѓучовечки односи.

Психолозите советуваат: Сменете го начинот на размислување и пронајдете ја среќата!

12. Остануваат во контакт

Кога станува збор за комуникација, пораките, телефонските повици, објавите на социјалните мрежи се најбрзите и наједноставните опции. Но, ниту една од нив не е подобра од тоа да отидете на другиот крај од државата и да го посетите вашиот најдобар пријател. На сите ни е потребна комуникација со нашите блиски, а социјалните мрежи не го даваат потребниот ефект. Не можете да прегрнете некого преку Фејсбук. Докажано е дека за луѓето, допирот е една од најважните работи која го зголемува чувството на среќа и удобност.

13. Наоѓаат нешто добро во секое лошо

Оптимизмот е корисен за здравјето. Намалениот стрес резултира со помалку проблеми со срцето и повисока толеранција на болка. Со тоа што намерно ќе почнете да барате нешто добро во сѐ што се случува, ќе станете поздрави и посреќни.

„Основната карактеристика на песимистите е нивното верување дека сите лоши периоди ќе траат долго, дека ќе уништат сѐ дотогаш постигнато и дека сето тоа е нивна вина. И оптимистите поминуваат низ истите животни потешкотии, но тие размислуваат на друг начин. Тие веруваат дека сите лоши период се привремени, дека ништо од тоа не е нивна вина, туку најчесто ги обвинуваат околностите, лошата среќа или другите луѓе. Овие луѓе не се плашат од пораз. Проблемите ги гледаат како предизвици кои ги мотивираат да се трудат повеќе“, објаснува Селигман во една од неговите книги.

14. Ја ценат добрата музика

Моќта на музиката е толку силна што може да се спореди со ефектот на масажата. Вистинскиот избор на музика е многу важен фактор. Веселите и тажните песни можат да влијаат на нашиот поглед кон светот. Во едно истражување испитаниците требале да одредат дали луѓето на фотографиите се среќни или тажни. Во најголемиот број случаи нивните одговори биле поврзани со видот на музиката која луѓето на фотографиите ја слушале во моментот кога биле фотографирани. Одлична причина зошто уште веднаш треба да си ја пуштите вашата омилена песна!

15. Знаат кога да се исклучат

Напредната технологија, постојаните нови вести и сите тие непотребни информации нема да исчезнат засекогаш ако решите да го напуштите компјутерот, таблетот или смартфонот. Дигиталната детоксикација ќе му даде можност на мозокот да ги наполни батериите и да се опушти.

16. Прават духовни вежби

Чувството на благодарност и сочувство се дел од секоја вера. Ако размислувате за големи животни прашања, тоа ќе му даде смисла и значење на вашиот живот. Според едно истражување, децата кои веруваат дека имаат цел во животот биле посреќни од оние кои живееле во моментот. Без разлика дали сте религиозни или не, секојдневно правете си некој духовен ритуал кој ќе воспостави рамнотежа во вашиот живот, ќе ви даде значење и ќе ви помогне да се одморите од брзото темпо на модерното општество.

Психолозите советуваат: Сменете го начинот на размислување и пронајдете ја среќата!

17. Редовно вежбаат

Веројатно веќе знаете дека физичките вежби го зголемуваат нивото на ендорфин, хемикалија која носи среќа. Вежбањето ќе ви помогне да ги ублажите симптомите на многу психички нарушувања како што се депресијата, анксиозноста и меланхолијата. На тој начин повеќе ќе го цените сопственото тело, а тоа е многу важно кога се работи за позитивен начин на размислување. Дури и кога вежбањето нема да ви помогне да ослабете или да ги зацврстите мускулите, сепак ќе бидете задоволни од себе.

18. Одат на прошетки

Обична 20-минутна прошетка на воздух може да направи чуда за вашето здравје. Најчесто кога се чувствуваме изморени, пиеме кафе. Но, многу подобар ефект би постигнале со една прошетка во природа.

19. Си лежат во кревет

„Стана на лева нога“ не е само познат народен израз. Будењето во вистинскиот момент е многу важен за вашата општа благосостојба во текот на денот. Докторите советуваат наместо да скокате од кревет и со брзање да почнете да ги извршувате вашите обврски, станете полека и постепено. Дајте си време да се истегнете и да поуживате во удобните чаршави. И нормално, погрижете се да спиете доволно.

20. Многу се смеат

Досега сте слушнале милион пати дека нема подобар лек од смеењето. Смеењето го поттикнува лачењето на хормоните во мозокот кои нѐ прават посреќни и ја намалуваат чувствителноста на болка и стрес. Смејте се секој ден. Се верува дека мозокот го доживува смеењето исто како што целото тело го доживува вежбањето.

21. Прават големи чекори додека одат

Оваа не е метафора. Среќните луѓе се движат на слободен, опуштен начин со големи чекори. Колку е послободен вашиот од, толку сте посреќни. Не верувате? Направете експеримент: Изодете неколку метра со мали чекори и гледајте во земја. Дали тој начин на одење ве направи среќни? Шансите се дека воопшто нема позитивно влијание.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар