Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Само една единствена фотографија од некој пар може да открие многу за врската и за однесувањето на партнерите, а понекогаш може дури и да ја открие нивната иднина. Тоа го потврдуваат и експертите, но не мора да бидете психолози за да го разберете говорот на телото. Дознајте на кои детали треба да обрнете внимание за да можете да препознаете каква е врската на некој љубовен пар…

1. Држење за раце

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Ако телата на партнерите се свртени едно кон друго, а рацете им се испреплетени, тоа е знак дека тие сакаат да бидат блиску еден до друг. Всушност, држењето за рака открива длабока поврзаност помеѓу нив. Доколку ги забележите овие знаци, можете да бидете сигурни дека партнерите се емотивно поврзани.

2. „Тој е мој“ гест

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Ако раката на девојката се наоѓа на градите на дечкото, тоа е знак на посесивност. По правило, девојките го користат овој гест. Целото нивно тело вели „Тој е мој“. На тој начин, жените им праќаат суптилна порака на сите нивни противнички.

3. Меѓусебна грижа

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Ако телото на жената е свртено кон партнерот, тоа значи дека таа сака да биде што е можно поблиску до него. Мажот стои веднаш до неа со раката ставена на нејзината половина. Обрнете внимание на нивните раце и на тоа колку опуштено се поставени. Тој не се обидува да ја контролира, а таа не му се спротивставува. Ова се знаци на меѓусебна грижа и на добра сексуална врска.

4. Силна поврзаност

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Тие се заедно веќе подолго време и навикнати се еден на друг. Се познаваат многу добро и се чувствуваат пријатно. Положбата на нивните нозе и тела го кажува токму тоа. Испреплетените раце докажуваат дека помеѓу партнерите постои силна и длабока поврзаност. Кај ваквите парови секогаш има еден водич и еден следбеник. Оној кој ја држи раката врз раката на другиот е обично тој што доминира.

5. Сопственост

Психолозите откриваат: Како да препознаете среќен пар според говорот на телото?

Кога мажот ја држи жената многу цврсто за нејзината подлактница, тоа е знак дека тој ја „поседува“. Тој се фали со неа, ја контролира и се обидува да ја држи блиску до себе. Дали нејзе ѝ се допаѓа тоа? Секако дека не. Нејзиниот колк е свртен на страна и рацете ѝ се прекрстени. Не ѝ е пријатна оваа положба.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар