Психолозите ни откриваат која е најголемата причина поради која врските и браковите се распаѓаат

Психолозите ни откриваат која е најголемата причина поради која врските и браковите се распаѓаат

И покрај тоа што студиите ни покажуваат дека парите и сексот се најчестите причини за раскинување или развод, терапевтите веруваат дека оваа статистика не ја дава вистинската слика. Тие сметаат дека до крај на врските доаѓа поради еден сосема друг проблем, со кој сите ние порано или подоцна се сретнуваме.

Психолозите ни откриваат која е најголемата причина поради која врските и браковите се распаѓаат

Секоја љубовна врска е комплексна приказна која има свои специфични правила и закони. Но, психолозите едногласно се сложуваат дека за нејзиното распаѓање најмногу влијае недоволната и несоодветната комуникација помеѓу партнерите.

Ефикасната комуникација помеѓу партнерите не подразбира само мирна размена на информации и чувства, туку и слобода квалитетно да се расправате со другата страна без страв дека тој или таа сериозно ќе се налути и веднаш ќе ве напушти. Во светот сè повеќе се зголемуваат случаите на советување пред бракот, бидејќи терапевтите веруваат дека треба да се разговара за разликите на отворен начин. Овој податок воопшто не изненадува бидејќи е познато дека партнерите на почетокот на љубовната приказна се многу пофлексибилни и повеќе подготвени да се прилагодат на потребите на другиот отколку во долготрајните врски.

Во топ 5 причини за пукање на врската, психолозите ги додаваат и недостатокот од време за уживање во забавни активности, генералната презафатеност со работата и брзото секојдневие, недоволната желба за угодување и пресилната зависност од партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар