Психолозите ни ја откриваат тајната за совршена меморија

Седењето мирно со затворени очи на само неколку минути прави разлика помеѓу успешно помнење на новите информации наспроти нивно целосно заборавање. Новото истражување кое било објавено пред неколку недели во списанието „Психолошки науки“ покажало дека еден од најдобрите начини да ја подобрите вашата меморија е да правите кратки паузи откако ќе научите нешто ново.Психолозите ни ја откриваат тајната за совршена меморијаЗошто одморот ѝ помага на меморијата? Според еден популарен поглед на оваа тема, паузата ни помага да ја зајакнеме трагата на тоа што сме го научиле пред неколку моменти. Потоа кога ќе имаме потреба да ги извлечеме тие информации од нашиот мозок, ќе ни биде многу полесно да ги пронајдеме.

Научниците успеале да го покажат овој ефект со истражувања во кои биле вклучени стаорци. На пример, нервната активност кај стаорците кои само што научиле нешто ново (на пример патот до местото каде што ги чека храна), изгледа многу слично со активноста во мозокот која се појавува за време на учењето. Ова ни укажува дека тие автоматски ги повторуваат новонаучените информации во нивната глава со цел подобро да ги запомнат. Интересно е и тоа што научниците дознале дека повторувањето на новонаучените информации е уште поефикасно доколку се случува за време на „буден“ одмор – кога животните само си седеле и не правеле ништо посебно.

За да проверат дали одморањето имало некаква врска со подобрување на меморијата кај луѓето, психолозите од Универзитетите во Единбург, Мисури и Оксфорд спровеле едноставен експеримент. Тие побарале од постарите возрасни доброволци, на возраст од 61 до 81 година да учествуваат во истражувачка сесија која се состоела од два дела во период од 2 недели. На почетокот од првиот дел, цела група слушала една иста приказна, а по нејзиното завршување тие биле делени на две групи од кои едните седеле со затворени очи и одморале, а другите играле игра во која било потребно да се забележат разликите на две наизглед исти фотографии. По една недела, за вториот дел од истражувањето, сите добиле изненаден тест поврзан со приказната од почетокот.

Тестот го поддржал истражувањето кое било спроведено со стаорците. Онаа група на испитаници кои одморале по слушањето на приказната запомниле околу 75% од нејзините детали. Групата која ја играла играта помнеле само околу 60% од приказната. Што е уште поинтересно, мал број од луѓето за време на 10-минутното одморање изјавиле дека размислувале за приказната. Изгледа дека без разлика дали се обидуваме да запомниме нешто или не, доколку се одмораме веднаш по новонаучените информации – тие ќе остават подлабока трага во нашата меморија.

Во денешниот „брз“ начин на живот каде што постојано сме бомбардирани со информации, многу е логично дека дел од нив нема да успеат да останат запомнети во нашите мисли. Поради тоа секогаш кога ќе можете, без разлика дали се работи за тест, документ од работа или пак за обична порака од вашите најблиски, најдете начин на само неколку секунди да ги затворите очите и да се опуштите. Во брзо време ќе забележите дека изреката „Леле, извини ама сосема заборавив на тоа…“ нема повеќе да биде дел од вашето секојдневие.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Verce Reply

    Omilen veb portal ste mi, samo me nervira sto ne go poramnuvate tekstot od dvete strani 😀 😀 😀 Ova e mal sovet za postovite da vi izgledaat poubavo 😀 pozdrav

Остави коментар