Психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот

Психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот

Имате проблем при започнување разговор со луѓето кои само што сте ги запознале или пак, чувствувате нервоза кога треба да зборувате пред публика? Се плашите ли дека вашиот прв состанок нема да помине добро или дека нема да ве повикаат на следното интервју за работа? Погледнете ги наредниве неколку трикови кои ќе ви ги олеснат овие и слични ситуации…

Психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот

1. Кога се запознавате со некоја личност обидете се да ја забележите бојата на нивните очи и додека го правите тоа насмејте се. Поради тоа што ја гледате оваа личност неколку секунди подолго, тој/таа многу подобро ќе реагира на вас.

2. Обрнете внимание на стапалата на луѓето. Доколку пристапите на група луѓе кои веќе разговараат и тие се завртат кон вас само со торзото, а не и со стапалата големи се шансите дека не сакаат да им се придружите во разговорот. Истото се случува и доколку вие разговарате со личност која е завртена кон вас само со торзото, но не и со нозете. Таа сигурно сака разговорот што побрзо да заврши.

3. Моќта на убедувањето. Поголеми се шансите луѓето да направат некоја задача за вас доколку прво им побарате нешто помало и поедноставно.

4. Доколку сакате некој да направи нешто за вас, прво побарајте им некоја неразумна задача и откако тие ќе ја одбијат, побарајте ја од нив онаа која навистина ви е потребна. Вториот пат нема да бидете одбиени.

5. Доколку од некого побарате да ви направи мала услуга, когнитивната дисонанца ќе ги натера да помислат дека им се допаѓате, само затоа што тие ви ја направиле услугата.

6. Доколку на некого му поставите прашање и добиете само делумен одговор, почекајте. Ако останете тивки и го одржувате контактот со очите, големи се шансите дека тие ќе продолжат и со останатиот дел од одговорот.

7. Земете мастика доколку ве очекува ситуација која би можела да ве направи нервозни, како говор пред публика или банџи скок. Со мастиката вие ќе го збуните вашиот мозок да мисли дека јадете нешто, а тој верува дека вие не би јаделе доколку сте во опасна ситуација. Токму затоа тој ќе се погрижи да останете смирени за време на целата стресна ситуација.

8. Одбегнете ги турканиците на тротоарот така што ќе гледате преку рамената на луѓето кои поминуваат пред вас или меѓу главите на оние кои се движат во група. Вашиот поглед ќе им покаже на другите каде се движите и токму затоа тие ќе се тргнат настрана и ќе ви овозможат слободно да се поминете во гужвата.

9. Доколку учите нешто ново, обидете се да го пренесете своето знаење на ваш пријател. Ако успеете да го научите и него/неа, тоа значи дека добро сте го разбрале.

10. Луѓето ќе ве запомнат според тоа како сте направиле да се чувствуваат, а не според тоа што сте им го кажале.

11. Пред да одите на интервју за работа, обидете се да ја смените вашата психолошка состојба. Убедете се дека ги познавате тие луѓе целиот ваш живот, дека сте стари пријатели кои надокнадуваат за поминатото време и дека едвај чекате да ги видите. Обидете се и да го визуелизирате целото искуство, започнувајќи од ракувањето, контактот со очите, па сѐ до разговорот. Имајте отворен став, застанете со раширени нозе, држете ги рацете на вашите колкови и рамената исправени и истовремено пружете им насмевка. Можеби ви звучи како клише, но верувајте успева. Моќта на сугестијата е огромна.

12. Доколку сте многу возбудени и среќни кога ќе се видите со други луѓе и тие ќе реагираат на истиот начин како вас.

13. Доколку некој ви е многу лут, вие обидете се да останете смирени. Тоа ќе ги направи уште полути, но и засрамени за својата реакција.

14. Ако вашите дланки се топли кога се ракувате со некого, тоа ќе направи вие да бидете попосакувана личност за дружење.

15. Секој човек има одредена слика за себе за која цврсто се бори да ја задржи. Обидете се мудро да ја искористите оваа информација, бидејќи можете многу лесно да ги натерате луѓето да ве мразат ако ја нарушувате нивната слика за себе.

16. На првиот состанок однесете ја вашата партнерка на некое возбудливо место од кое срцето ќе ѝ чука побрзо, како на пример, хорор филм. Тоа ќе ѝ го покачи адреналинот и ќе ја натера да мисли дека ѝ е забавно да поминува време со вас, без да биде свесна дека активноста ѝ влијае на тој начин.

17. Клучот на самодовербата е да влезете во соба каде што верувате дека сите веќе ве сакаат.

18. Физичките ефекти од стресот се идентични со физичките ефекти од храброста (забрзано дишење, забрзан пулс…). Токму затоа следниот пат кога ќе се чувствувате како да се под стрес, веднаш преформулирајте ја вашата состојба: кажете си дека вашето тело се подготвува за храброст, не за стрес.

19. Обраќајте им се на луѓето кои тукушто сте ги запознале по име. На тој начин ќе воспоставите доверба и пријателство уште од самиот почеток.

20. Доколку ја направите најголемата насмевка која можете, вие во истиот момент ќе се почувствувате среќно.

21. Истиот момент кога вашиот аларм ќе заѕвони, вие исправете се, стегнете ги тупаниците и викнете „ДА“.

22. Секогаш обидувајте се да му давате на вашето дете избор да се чувствува како да е под контрола. На пример, наместо вие да изберете обувки за него/неа, прашајте кои би сакал/а тој/таа да ги носи денес.

23. Луѓето имаат неверојатно чувство за допир. Ако вие „случајно“ ја допрете нежно вашата рака врз ногата на личност од спротивниот пол, тој или таа веднаш ќе забележат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар