Проверете дали сте родени еден за друг

Проверете дали сте родени еден за друг

Во врска сте, задоволни сте и среќни сте заедно. Меѓутоа и понатаму се прашувате дали сте судени еден за друг. Прочитајте ги овие 10 знаци и веднаш дознајте дали сте сродни души.

proverete-dali-ste-rodeni-eden-za-drug-kafepauza.mk

1. Имате слични интереси

Ја делите страста кон спортот, некое хоби или кулинарството. Без разлика дали е во прашање скијање или љубовта кон лутата храна, вие и вашиот партнер со самото тоа имате цврста основа за врска. А тоа е добар знак дека врската ќе трае.

2. Но не ги сакате баш СИТЕ исти работи

Независно од тоа колку е еден пар компатибилен, секој од нас би требало да ја зачува својата индивидуалност и своите сопствени интереси кои се важни за да одржувате здрав начин на живот.

3. Еден на друг си ги кажувате тајните

Дали ви се има доверено дека во трето одделение се измочал во кревет? Дали му го откривте стравот од пајаци? Способноста да му верувате на партнерот и да се чувствувате пријатно додека му откривате некои од најсрамните и најмрачните искуства во вашиот живот, говори многу за силата на вашата врска.

4. Не можете да престанете со допирите и бакнежите

Физичката привлечност не е сè, но дефинитивно е многу важна.

5. Сакате да истражувате заедно

Без разлика дали е тоа пат до Мачу Пикчу или заедничка посета на курс по готвење, посета на некој музеј или заеднички часови по фотографија, работите кои ги учите и откривате заедно значат дека сте способни заедно да се развивате.

6. Фер кавги

Ниеден пар не е имун на кавги, но начинот кој го правите тоа е вистински тест за вашата врска. Ако сте во состојба заедно до дојдете до продуктивен заклучок, вие сте буквално родени еден за друг.

7. Го обожавате семејството на другиот

Ако ги сакате членовите на неговото/нејзиното семејство колку што го сакате него/неа, тоа е знак дека сте идеален партнери. Не грижете се премногу за неговата чудна мајка или за нејзиниот престрог татко. Во секое семејство има некој што е „чуден“, а заштитничкиот став кон своето чедо исто така си го прави своето.

8. Ги сакате неговите/нејзините пријатели

Семејството е важно, но важни се и пријателите со кои го минувате времето. Добувате бонус поени доколку немате ништо против да поминете заедничко време со неговите другари во друштво, но двојно повеќе поени доколку како машко се сложите да излезете со нејзините другар(к)и.

9. Имате исти вредности

Судбината на вашата врска има подобри изгледи ако обајцата сакате три деца и два златни ретривери. Или ако двајцата знаете дека не сакате деца туку јахта на која ќе живеете до крајот на животот додека други ви служат шампањско и сирење на послужавник.

10. Меѓусебно си ги довршувате речениците

Ова е и знак дека сте најдобри другари. Кога двајца луѓе се познаваат толку добро за меѓусебно да си ги читаат мислите, значи дека потполно сте опуштени во врската и можете да бидете сосема свои во неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар