Пронајдете време за битните работи

Немањето време, едноставно, не може да ви биде оправданине за некои битни работи во животот. Вие имате 24 часа за трошење секој ден и самите избирате на што ќе ги потрошите. Доколку немате доволно време за да го повторите материјалот за испит, да отидете на пијачка со пријателите или да прочитате книга, тоа не е затоа што немате време, туку затоа што така сте одлучиле. Наместо овие активности сте избрале да правите нешто друго.

Пронајдете време за битните работи

Доколку сепак не можете лесно да се справите со обврските, применете ги следните неколку совети за да ви остане малку време и за некои други нешта во животот.

Станете порано

Ако нешто ви е навистина важно, не би требало да биде проблем еден час помалку спиење. Впрочем, резултатот од добро завршената работа може да биде попријатен од спиењето.

Обидете се да завршите повеќе работи одеднаш

Иако тоа генерално е лоша идеја, има ситуации во кои навистина можете да завршите и повеќе работи одеднаш. На пример, можете да читате додека се возите со автобус или да се слушнете по телефон со некој пријател додека пешачите меѓу местата на кои имате работа.

Направете план

Ако постојано имате проблем со времето за некои битни работи, тогаш неопходно е да направите план и да се држите до него. Решете што ви е приоритет, на што и со кого сакате да го потрошите денот, проценете како можете да го остварите тоа и испланирајте.

Оставете малку време за нешто неодредено

Резервирајте дел од денот кој ќе ви биде слободен и за кој ќе немате конкретен план. Тогаш спонтано изберете да го пополните со нешто кое ви причинува задоволство, а ретко наоѓате време за тоа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар