Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

Сподели

Дизајнирањето и развивањето на одредена идеја е одлична способност. Но, понекогаш сите ние се бориме со еден основен проблем – пронаоѓањето на таа идеја. И покрај тоа што донекаде постои вистина во изреката „идеите едноставно сами ни доаѓаат,“ истражувачите предложуваат неколку техники со кои ќе си ја зголемите креативноста и ќе ги заобиколите „блокадите“ кои ви го отежнуваат патот кон напред.

Пронајдете ја вашата внатрешна инспирација

Надминете го вашиот страв од креативност – Верувале или не, доколку имате проблеми со смислување нови идеи – тоа е затоа што се плашите од нив. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија демонстрирале дека ако се чувствувате несигурни за вашата иднина, вие всушност потсвесно ги поврзувате вашите креативни идеи со зборови како „неуспешно“ и „пекол“. Најлошо од сè е што овој страв од креативност е целосно невидлив за нас и поради тоа се убедуваме дека нашите креативни идеи, всушност воопшто не се креативни. Доколку се најдете во ситуација во која ги отфрлате сите ваши идеи, застанете малку, земете длабоко воздух и пробајте да не бидете толку критични кон себе. Многу брзо ќе забележите дека вашите идеи всушност и не се толку лоши колку што сте мислеле.

Не постои само едно решение – Истите истражувачи откриле дека доколку на некој му дадете задача да напише есеј на темата „Постои само едно решение за секој проблем“, тој почнува да се чувствува нервозно и го губи своето чувство за креативност. Опуштете се и оставете ги вашите мисли слободно да се движат. Прифатете ги сите свои идеи и потоа одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. Не ограничувајте се само на една идеја.

Истражете ги спротивностите – Истражувачите откриле дека парадоксалното размислување ја поттикнува нашата креативност. Во една студија, Ела Мирон Спектор (водачот на истражувањето) побарала од една група испитаници да напишат барем 3 парадоксални изјави, а од друга група да напишат само неколку интересни изјави. Резултатите покажале дека кај првата група се појавиле поголеми шанси за решавање на креативен проблем. Парадокс е нешто кое истовремено изгледа како вистинито и невистинито или пак кое се спротиставува на очекувањата. Размислувањето на овој начин со сигурност ќе ви помогне при пронаоѓањето на нови идеи.

Комбинирање на различни идеи – Голем број студии покажуваат дека одличните идеи се формираат при комбинирање на други две споредни идеи, кои повторно покажуваат дека парадоксалното размислување е добро за нашата креативност. Една теорија, според Пол Тагард, вели дека идеите се комбинираат преку комплексен процес наречен „конвулација“, така што се создава нова идеја која мозокот многу лесно може да ја разликува од старите. Пробајте да се изложите себеси на идеи надвор од вашата „удобна зона“ и потоа размислете како би можеле да ги поврзете. На овој начин ќе добиете многу иновативни решенија за вашите проблеми.

Размислувајте позитивно – Според една необична студија, Алис Исен и нејзините колеги ги тестирале ефектите на филм – комедија врз група испитаници. Оние кои добро се изнасмеале, имале многу повисоки резултати на тестот за креативност, за разлика од останатите. Изложете се себеси на хумор и разбудете ги „добрите“ емоции во вас, бидејќи на тој начин се подобрува вашата способност за креативно решавање проблеми.

Техники со бура од идеи – И покрај тоа што истражувањата за бура од идеи (brainstorming) се комплицирани и полни со контрадикции, сепак постојат неколку многу позитивни резултати кои се потврдени. Изгледа како најдобрите идеи да доаѓаат кога некој употребува бура од идеи сам на себе, откако претходно се инспирирал од други луѓе. Разговорите со личности надвор од вашата рамка на размислување влијае на вашата способност за пронаоѓање нови идеи кога сте сами.

Дозволете им на вашите мисли да „талкаат“ – Неколку студии сугерираат дека фокусот е лош за вашата креативност. Оние кои не се доволно сконцентрирани изгледа како да се подобри во пронаоѓање на нови и уникатни решенија. Накратко, доколку имате проблем со пронаоѓањето на нова идеја, едноставно пуштете ги вашите мисли да „талкаат“ и пробајте воопшто да не ги контролирате. Резултатите кои ќе ги добиете со сигурност ќе ве изненадат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

Остави коментар