Променете се себеси и луѓето околу вас со помош на овие 8 совети!

Ако мислите дека веќе е време да свртите нов лист во вашиот живот и ако сте спремни да се промените, добро проучете ја листата на овие осум совети кои можат да го променат начинот на кој го гледате светот и да ви помогнат да се ослободите од некои негативни навики.

1-promenete-se-sebesi-i-lugjeto-okolu-vas-so-pomos-na-ovie-8-soveti-kafepauza.mk

Како да се промените себеси?

1. Верување

Кога луѓето добиваат совети како да се променат, тие веднаш почнуваат да се бранат и да го правдаат нивното моментално однесување. Време е да признаете дека имате маани и дека некои од тие работи треба да ги промените. Верувајте дека сте спремни за промена. Размислете што е она што ви е важно во вашиот живот – може да биде семејството, работата или што било друго што има големо значење за вас. Кога верувате во себеси, тогаш сте спремни да ја прифатите можноста дека треба да се промените.

2. Созревање

Вербата дека можете да созреете е витален чекор во започнувањето на промените. Постои истражување според кое адолесцентите кои верувале дека луѓето можат да се променат, подобро се справувале со предизвиците на училиште отколку оние кои мислеле дека не може да дојде до никакви промени. Исто така, тие тинејџери се чувствувале подобро, имале подобро психичко здравје, пониско ниво на стрес и анксиозност.

3. Промена на карактерот

Многу години, психотерапевтите кои се занимаваат со проучување на човечкиот карактер го истражувале ова, но на крај секогаш го давале истиот заклучок – дека човекот не може да се промени. Според најновите истражувања се потврдува дека карактерот може да се промени, но за време од две години. И сепак таа промена на карактерот во тие две години многу зависи од брачниот статус, работата и приходите.

4. Само речете стоп

Кога сакате да престанете со некоја лоша навика којашто ја имате едноставно речете стоп. Според последното истражување од страна на „Универзитетот Рејгенсбург“ во Германија, возможно е да „заборавите“ на некои навики. Според него, ако постојано си забранувате и се терате да заборавите на некоја навика откако ќе го направите нештото, по некое време можеби и целосно ќе престанете да ја правите.

2-promenete-se-sebesi-i-lugjeto-okolu-vas-so-pomos-na-ovie-8-soveti-kafepauza.mk

5. Предизвикајте промена кај другите

5. Помош во 3 чекори

Прво, за некој да биде подложен на промени, тој мора да биде отворен кон тоа. Луѓето се многу заштитнички настроени кон нивниот карактер и навики кои со години ги развивале.

Второ, имајте разбирање и пружете им поддршка. Вие сте нивен пријател кој сака да помогне, но сепак ги прифаќате онакви какви што се.

Трето, помогнете им да станат свесни. Постојат моменти кога самите луѓе не се свесни дека прават нешто. Есенцијален чекор во променувањето на навиките е да се препознае во која ситуација тоа однесување се случува. Помогнете им така што нежно ќе им посочите кога го прават тоа.

6. Дозволете им самите да се убедат

Менувањето на нечие размислување е подеднакво тешко како променувањето на неговиот карактер. Но, постои еден совет кој скоро секогаш успева – разговарајте со нив така што ќе им дозволите самите да се убедат. Оставете ги да зборуваат и сами да дојдат до промена на своето мислење. Според едно истражување, полесно е да се убедат луѓето кога активно зборуваат за својата навика, отколку кога се само пасивни слушатели.

Најдобар пример е пушењето. Пораките против пушењето делуваат повеќе кога пушачите сами ги кажуваат одошто кога само пасивно ги примаат.

7. Склоност за потврда на својата гледна точка

Една од најголемите психолошки бариери кога станува збор за промена на размислувањето и карактерот е склоноста за потврдување на својата гледна точка. Тоа е склоноста на луѓето да бараат информации кои се во согласност со нивните размислувања и гледишта на светот, а да го отфрлаат сето она што се коси со нив. За да се ослободите од ваквото размислување мора да испробате алтернативни хипотези. Звучи едноставно, но комплексноста на човекот ги комплицира работите. За да промените нечие размислување, пробајте да ги истакнете фактите кои не се во склоп со размислувањата на таа личност.

8. Променување на размислувањето

За да може да се променат нечии навики, прво мора да се промени начинот на размислување. Но, тоа не значи само да им кажете дека грешат. За да ги убедите луѓето дека грешат, прво мора да ги убедите во она правилното. Тоа мора да биде слатко и кратко, често да се повторува и да се прекине изворот кој шири дезинформации.

3-promenete-se-sebesi-i-lugjeto-okolu-vas-so-pomos-na-ovie-8-soveti-kafepauza.mk_

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар