Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас

Автор: Симона Ристоска

Доколку во 2011 не успеавте да испробате некоја нова фризура, еве неколку идеи кои можат да ве инспирираат во годината што е пред нас. А ако изминатата година ја одбележавте со креативност и различност во стилот, нема причина зошто да не продолжите така и во 2012. Следните неколку идеи опфаќаат повеќе стилови, од елегантни и префинети фризури до диви и несекојдневни. Ваше е да се пронајдете во некоја од нив и да измамите погледи при следното излегување во град.

Копирајте го стилот на Мерлин во неколку едноставни чекори. За да го добиете овој изглед, прво треба да нанесете пена за коса и да ја сушите косата со главата наведната надолу за да добиете на волумен. Потоа, повлечете ја косата на едната страна, издвојте повеќе покрупни прамени и свиткајте ги во топчиња прицврстени на крајот со шнола. Оставете ја косата така некои 10 минути, пуштете ги прамените и нежно со четка чешлајте ја косата нанадвор за да ги добиете глатките кадрици со гламурозен ефект.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТантелата е секогаш ин и може да ви даде особено шик изглед за вечерните излегувања. Прво, нанесете средство за волумен на мокра коса, а потоа исправајте ја со помош на фен и четка. Соберете ја косата во опавче на страна и истапирајте ја така фатена за уште повеќе волумен. Прамените зацврстете ги со помош на шноли за да формирате пунџа. Тантелата, којашто треба да биде прилично долга, поставете ја над челото, околу пунџата и зацврстете ја под и околу неа со шноли. Пунџата не мора да биде совршена, тантелата ќе си го направи своето. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насТрикот кај оваа дива и воочлива фризура повторно лежи во спрејот за волумен. Добро исушете ја косата, нема потреба да употребувате четка. Колку понесреден изглед добиете, толку подобро. Издвојте дел од косата над челото, некои 2-3 сантиметри, зависно од изгледот што сакате да го постигнете. За подобар ефект, патецот поставете го што повеќе на едната страна. Издвоениот прамен можете да го зацврстите со шноли зад ушите или пак, за ефект како на сликата, соберете го на крај со остатокот од косата.

Останатиот дел можете да го истапирате или пак да ги свиткате прамените во екстра широки виклери кои ќе ги чувате некои десеттина минути. Откако ќе ги одвиткате прамените, истапирајте ја лесно косата и напрскајте ја со лак или пак со сув шампон, повторно за волумен. Соберете ја целата коса во ниско опавче. Спремни сте за журка. Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насКратката фризура е нешто што дефинитивно треба да го пробате доколку сакате да експериментирате со должината на косата. Треба многу помалку труд за да го добиете посакуваниот ефект отколку што изгледа дека е потребно. Секако, прво ќе ви треба помош од фризер. Тајната е во разиграните степени низ целата коса, што ќе изгледаат како сами да сте ја крателе. Доколку имате густа коса ќе треба да ги изретчите краевите, а доколку имате тенка коса фризерот нека ги остави прамените долги барем до рамениците. Сè што треба вие да направите е да нанесете крема за обликување и лесно да ја изгужвате косата и имате „средена“ фризура секој ден.Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред насСледува една интересна фризура која ќе го зачини вашиот изглед и со која сигурно ќе бидете забележани. Сè што треба да направите се следните едноставни чекори. Прво, измазнете ја косата и фатете ја во ниско опавче. Изберете интересно шалче или марама и закачете го едниот крај на стегачот. Поделете го опавчето на два дела и користејќи го материјалот како трет, сплетете плетенка која на крајот можете да ја свиткате во пунџа. Најважно е да биде шарено! Промената на имиџот што ви е потребна во годината пред нас


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Ако девојка го копира стилот на Мерлин Монро – како тоа ќе биде придонес кон нејзиниот стил? Зар не е поентата да бидеш своја и препознатлива, а не нечија копија?
    А за третата слика, се сомневам дека некој сака таква промена 😛

Остави коментар