Пролетно будење: 5 лекции за животот на кои нè учи промената на сезоната

Птиците пеат, температурата се покачува и цвеќињата започнуваат да цутат. Пролетта конечно пристигна. За разлика од другите годишни времиња, таа ни нуди нешто многу поразлично: Комплетна ревитализација на светот околу нас. Токму поради тоа ние можеме и многу да научиме за животот од неа…

Пролетно будење: 5 лекции за животот на кои нè учи промената на сезоната

1. Секој крај е едноставно нова можност за растење

Можеби е клише, но тоа не го прави помалку вистинито. Ние многу често сме преоптоварени со минатото и заглавуваме во прашањата како „што ако“. Многу е тешко да се заборави онаа возбудлива работа која сте ја сакале, љубовта која ви се лизнала низ прсти или пак, дипломата која отсекогаш сте сакале да ја добиете.

Токму затоа мора постојано да се потсетувате, дека понекогаш во животот, нема нешто подобро од пропуштената можност. Можеби најдоброто нешто што би можело да ви се случи во тој момент е токму тоа да не го добиете она што сте го сакале бидејќи со секоја неостварена желба доаѓа и можноста за растење и ценење на она што веќе го имате.

2. Надежта е за мудрите и практични, а не за наивните идеалисти

Некои велат дека само будалите се надеваат на подобар ден. И покрај тоа што не можеме да ѝ дозволиме на нашата фиксација кон иднината да ја преземе нашата способност да живееме целосно во сегашноста, ние мора секогаш да го имаме на ум секој аспект кој го носи животот со себе, како и секоја последица на секоја причина за кои сме свесни.

Да бидете реалистични не значи и дека не сте оптимисти. Вистинскиот оптимизам е кога се прифаќа борбата и комплексноста, додека истовремено ѝ дозволуваме на нашата сила да нè турка кон напред.

3. Трпеливоста е клучот

Живееме во општество кое постојано е во брзање, па токму затоа и ние самите се обидуваме што е можно подобро да го следиме чекорот на оние околу нас. Започнувајќи од нова технологија, па сè до најновите модни трендови, изгледа дека ние постојано се натпреваруваме со часовникот.

Ние многу ретко сопираме (најчесто за да направиме селфи), па токму затоа и сме склони да го изгубиме погледот кон шумата зад дрвјата. Понекогаш е потребно едноставно да застанете и да се обидете да го впиете она што се случува околу вас. Погледнете ја моќта на трансформација која ја има времето врз природата и размислете како тоа влијае и врз вас.

4. Наоѓањето врска со природата е најдобриот противлек за негативната страна на животот

Доколку она што го барате е убавина, спокој и внатрешно чувство на припаѓање, тогаш не треба да погледнете подалеку од вашиот двор. Развивањето афинитет кон природата е едно од наједноставните и најдобрите методи да најдете спиритуална поврзаност со вас.

Како суштества на оваа планета, сите ние сме силно поврзани со сè околу нас. Накратко, времето кое ќе го поминете надвор никогаш не е за џабе и ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје, свесност и општо квалитетот на вашиот животот.

5. Различноста води кон просперитет

Животот, и покрај тоа што е прекрасен, никогаш не е лесен. Тој не ни треба да биде лесен. Токму оваа вистина е онаа која го прави вреден за доживување. Вие нема да добиете сила доколку постојано седите на едно место и со сигурност нема да растете доколку постојано се повлекувате во вашата удобна зона.

Доколку се плашите од успехот, тешкотиите и несовршеноста, тогаш на многу индиректни начини покажувате дека всушност се плашите да живеете. Некој ден, кога ќе бидете толку многу стари што едвај ќе станувате од кревет, да можете, би се вратиле на овие години и би си удриле шамар за да се освестите за она што го правите. Винстон Черчил еднаш рекол, Доколку одите низ пеколот, продолжете да се движите.“ Сè што вреди во животот, вреди и да се доживее во целост, дури и ако постои шанса да не успеете. Всушност, кога навистина се трудите, дури и да не го постигнете тоа што сте го сакале, тоа сепак е успех.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар