Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Досега кристалите имале влијание на секој дел од индустријата за убавина. Ако не ја впивате нивната моќ преку продуктите за нега на кожа, сигурно ставате хајлајтер со кристали. Сега кристалите служат како инспирација за најновиот тренд за коса – корени како виножито.

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Овој изглед е инспириран од скапоцените камења. Резултатот е ефект од темно кон светло кој избледува од виолетова кон нијанса на аквамарин и на крај има светло розова боја како опал. Овој изглед е создаден од фризерката Чита Бесо од Лас Вегас. Можеби токму ова ќе биде хит оваа пролет.

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Можете да пронајдете илјадници фотографии од девојки кои ја ставиле секоја боја од виножитото на косата. Боите на виножитото за коса обично се фокусираат на врвовите или се распоредени низ целата коса. Но кај овој тренд е спротивното.

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Оваа фризура е одлична за девојки кои се фарбаат светло руси или за природните русокоси. Сепак, доколку размислувате сами да го изведете фарбањето, ние ве советуваме да посетите професионалец.

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Во едно интервју, фризерката изјавила дека нанесувала разна количина од нијансата за секој дел од косата.

Пролетен тренд за коса: Корени како виножито

Иако целиот процес изгледа навистина мачно, фарбањето е со вистинска стратегија. Како резултат на ова, без разлика каде ќе го поставите патецот на косата, бојата ќе биде иста. Целиот процес трае околу 2 часа.

Погледнете и кои фризури се вистински хит оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар