Привлечете го машкото внимание со помош на овие 7 трикови

Секој маж има свој вкус кога станува збор за изборот на идеална партнерка. Некои мажи сакаат високи и слаби жени со темна коса, други пак не можат да им одолеат на пониските дами со облини и светли очи. Сепак постојат некои мали потези кои го привлекуваат машкото внимание без оглед на физичкиот изглед. Во продолжение прочитајте што треба да направите за да го привлечете погледот на мажот кој ви се допаѓа…

Привлечете го машкото внимание со помош на овие 7 трикови

1. Грицкајте си ги усните

Многу истражувања покажале дека усните се еден од првите делови на телото што го забележуваат мажите, особено ако на нив имате нанесено црвен кармин. Грицкањето на усните е многу заводлив потег кој несомнено ќе го привлече неговото внимание. Станува збор за многу ранлив и шармантен трик истовремено.

2. Прекрстете ги голите нозе

Ретко кој маж може да одолее на мазната и нежна женска кожа, особено ако ги прекрстите нозете додека носите здолниште што ја разоткрива нивната убавина. Ефектот ќе биде уште поголем ако го сторите тоа наивно и „ненамерно“.

3. Носете висока пунџа

Мажите се големи љубители на долгата коса, но ги обожаваат и високите пунџи кои ги откриваат ушите и вратот. Тие исто така фантазираат за моментот кога жената ќе ја распушти косата на филмски начин. Тој потег го сметаат за многу интимен и никако не можат да му одолеат.

4. Фрлете поглед преку рамена

Мистериозниот поглед преку рамена остава силен впечаток кај мажите. За тоа сведочат и фотографиите на филмските убавици од минатиот век кои секогаш позирале токму на тој начин.

Привлечете го машкото внимание со помош на овие 7 трикови

5. Откријте ги рамената

Суптилно откриените рамена на жената го будат заштитничкиот инстинкт кај мажите без разлика дали се работи за блуза со голи рамена или свечен фустан. Во тие моменти кај мажите се буди желба за прегратка и близок контакт.

6. Облечете високи потпетици и чекорете самоуверено

Некои жени не сакаат да носат високи потпетици, а други, пак, не можат да си го замислат денот без нив. Сепак, мажите обожаваат кога дамите чекорат самоуверено на високи потпетици, така што вреди да се жртвувате понекогаш.

7. Смејте се од срце

Мажите не сакаат кога жените со сила се смеат на нивните шеги. Нивното срце може да го освои само дамата која отворено ги искажува нејзините емоции.

Доколку сакате да станете вистински експерт за заведување, прочитајте ги овие техники кои успеваат кај секој маж.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар