Природни начини да си ги исчистите белите дробови од токсини доколку сте пушач

Ракот на бели дробови е една од водечките причини за смрт од карцином во светот, а од него најчесто заболуваат пушачите. Токму поради здравствените проблеми, докторите им препорачуваат на пушачите да ги остават цигарите. Меѓутоа, доколку сте пушач, пробајте барем колку можете да го намалите ризикот од заболување од рак.

Природни начини да си ги исчистите белите дробови од токсини доколку сте пушач

Постојат голем број начини да ги исчистите белите дробови од катранот и токсините и преку тоа да го намалите ризикот од заболување од рак.

Пченка

Пченката содржи бета-криптоксантин, за кој се тврди дека ги штити белите дробови од карцином, бидејќи претставува моќен антиоксиданс.

Селен

Ова е моќен антиоксиданс кој може да се најде во голем број риби како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и во житарките.

Лук и кромид

Лукот и кромидот содржат соединенија со антиканцерогено дејство. Тие помагаат во спречувањето на многу болести, а меѓу нив се и инфекциите и ракот на белите дробови.

Ѓумбир

Ѓумбирот е уште едно моќно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од корен од ѓумбир кој го олеснува дишењето, а можете и за време на оброкот да изедете по некое парче корен од ѓумбир.

Портокали

Покрај тоа што се богат извор на витамини, портокалите содржат и криптоксантин, за кој веќе кажавме дека делува превентивно против ракот на бели дробови.

Коприва

Ова зелено растение е полно со железо, но е и многу корисно средство за детоксикација на белите дробови и заштитува од инфекции.

Чај од борови иглички

Овој чај најчесто служи за плакнење на грлото и устата. Меѓутоа, може да ви биде добар сојузник и во борбата против ракот на бели дробови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар