Природен лек за најголемиот проблем со кој секоја жена се соочува

Природен лек за најголемиот проблем со кој секоја жена се соочува

Секоја жена во одреден момент искусува воспаление на мочниот меур, или инфекција на органите за мокрење, па знае колку е тоа болно и непријатно. Мора да научите да ги препознавате првите симптоми: остро прободување ниско во стомакот, зачестени мокрења, кои започнуваат да печат и да бидат болни, а не овозможуваат никакво олеснување. Доколку навремено ги препознаете проблемите со мочниот меур и органите за мокрење, можете да ја избегнете употребата на силни антибиотици, или примање инјекции.

1-priroden-lek-za-najgolemite-problemi-koi-sekoja-devojka-gi-ima-www.kafepauza.mk_

Доколку сте склони кон инфекции и воспаленија на мочниот меур, чаевите и природните средства може да ви помогнат превентивно. Затоа ви поклонуваме рецепт за одличен природен лек, кој делува брзо и е доста делотворен. Неговите состојки го прават природен антибиотик и олеснувањето доаѓа веќе после првата употреба. Состојките кои ви се потребни се природни и достапни, односно можете да ги купите во која било самопослуга или продавница за здрава храна.

За приготвување на природен антибиотик за превенција и лечење на уринарните воспаленија и инфекции, потребни ви се:

  • 200 милилитри маслиново масло
  • 250 грама мед
  • 250 грама лимон
  • 250 грама корен од магданос

Начин на подготовка:

Лимонот се сечка ситно, заедно со кората, а потребно е ситно да се исечка и коренот од магданос. Потоа исечканиот лимон и магданос се мешаат со медот и маслиновото масло и се ставаат во блендер. Состојките ќе се соединат во кашеста маса која треба да ја чувате во стаклена амбалажа во фрижидер, поточно во обична стаклена тегла со капаче на затворање. Секое утро консумирајте по една супена лажичка од овој лек, а доколку забележите ублажување на симптомите, треба да се потроши целата смеса.

Иако состојките можете лесно да ги набавите, сепак би било добро да го купите медот од некој кому му верувате. Исто така, лимонот би требало да биде непрскан, ако е тоа возможно. Ако не можете да го избегнете купувањето лимон од продавница, тогаш оставете го во текот на ноќта да отстои во студена вода во која сте додале половина лажичка сода бикарбона. Коренот од магданос треба убаво да се измие.

2-priroden-lek-za-najgolemite-problemi-koi-sekoja-devojka-gi-ima-www.kafepauza.mk_

Додаток – чај од магданос

За да ја ублажите или спречите уринарната инфекција и воспаление, односно да го забрзате процесот на заздравување, би требало да пиете и чај од магданос. Магданосот има диуретично дејство и пријатен и освежувачки вкус. Чајот се подготвува од една лажичка корен од магданос кој треба да се прелие со 250 милилитри студена вода и да се вари од 5 до 6 минути. Сварениот чај треба да отстои поклопен околу десетина минути, а пота да се прецеди. Пијте свежо припремен чај, три пати дневно.

Заради своето диуретично дејство, чајот од магдонос е одлично средство и против отеченоста, која посебно се јавува во периодот пред менструацијата, а корисен е и во секоја диета за слабеење.

Исто така, погледнете како сода бикарбоната помага при лекување на уринарни инфекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар