Принцезата Амира од Саудиска Арабија е новата светска модна икона

Ја пронајдовме девојката што со својот изглед и убавина може да ја засени дури и Кејт Мидлтон! Станува збор за принцезата Амира бин Ајдан бин Најеф Ал Тавел која има само 33 години, а во светот е позната како Амира од Саудиска Арабија. Вниманието на светската јавност го привлече не само заради егзотичната убавина по која се познати жените од Азија, туку и заради несекојдневната животна приказна, хуманитарната работа, како и беспрекорниот стил.

1-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

Нејзината убавина е нереална, бајковита, па често ја споредуваат со Дизни принцезата Јасмин. Препознатлива е по долгата црна коса, беспрекорната шминка, а сака да ги истакне и своите полни усни и крупни очи. Кога станува збор за нејзиното облекување, принцезата преферира долги тоалети со кои комбинира впечатлив и скапоцен накит.

3-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

Исто како војвотката од Кембриџ, така и таа често носи шешири, а многумина тврдат дека со својот шарм, елеганција и беспрекорна линија може да застане рамо до рамо со Кејт. Постојат и оние кои тврдат и дека таа е најубавата принцеза и дека нема жена на кој било светски двор која може да се мери со нејзината убавина.

4-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

Познато е дека жените во нејзината родена земја се обесправени и носат затворена облека, но Амира се одлучила да го отфрли традиционалниот начин на облекување кој важи во Саудиска Арабија и да се облекува како холивудска дива. Исто така, таа работи на тоа да го подобри и унапреди изгледот на саудиските жени во светот. Заради тие свои ставови, таа не е омилена помеѓу мажите.

2-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

Вистина е дека другите принцези од нејзината земја се спротивставуваат на нејзиниот стил и, како што самите велат, на непримерното облекување, но нам нејзиниот стил ни се допаѓа. Во Саудиска Арабија владее строг шеријатски закон. Судејќи според фотографиите на Интернет, изгледа дека законот да важи само за одредени слоеви од населението, но не и за кралското семејство.

5-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

Саудиската принцеза навистина изгледа префинето и доста модерно и не постои ниту еден моден експерт кој може да ѝ пронајде грешка на нејзините модни комбинации. Сигурни сме дека жените ширум светот наскоро ќе започнат да ги „крадат“ нејзините идеи кога станува збор за облекувањето и изгледот.

6-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_7-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_8-saudiskata-princeza-amira-e-novata-modna-ikona-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар