Пријателство или флерт? 5 совети кои можат да ви помогнат да не западнете во непријатна ситуација

Пријателство или флерт? 5 совети кои можат да ви помогнат да не западнете во непријатна ситуација

Мажите многу често погрешно ја интерпретираат љубезноста на жената како сексуална заинтересираност. Од друга страна пак, жените погрешно ги интерпретираат добрите манири кај мажите како израз на обид за пријателство и покрај тоа што мажите скоро секогаш ги применуваат кога им се допаѓа жената со која комуницираат.

Пријателство или флерт? 5 совети кои можат да ви помогнат да не западнете во непријатна ситуација

Дали знаете да разликувате пријателство од флерт? Погледнете ги наредниве 5 јасни знаци кои би можеле да ве спасат од потенцијално непријатни ситуации.

Спомнување на партнерот

Доколку сакате уште во почетокот да ја спречите можноста некој да ве доживее како „материјал“ за романтична врска, уште во првиот разговор спомнете го вашиот партнер. Целиот разговор по оваа информација ќе се смета за опуштена и платонска зона која со тек на време би можела да премине во пријателство.

Групно дружење

Доколку сакате некого подобро да го запознаете на платонски начин, уште од почетокот држете се до групните средби и дружења. Дури откако ќе ги поставите границите на пријателството може да почнете да правите договори и само вие двајца. Но, дури и тогаш треба да се избегнуваат потенцијално „опасните“ ситуации како романтични вечери кои би можеле да се сфатат како љубовен состанок.

Не го третирајте како пријателка

Пофалбата за новата фризура или добрата модна комбинација е сосема вообичаена појава помеѓу жените. Но, доколку сакате да му упатите ваков коментар на маж, тогаш тоа би требало да го направите на малку поинаков начин. Упатете му комплимент кој ќе влијае позитивно врз неговата самодоверба, а не кој ќе изгледа како да сте го набљудувале.

Избегнувајте допири

Допирот е неверојатно силна алатка за заведување. Дури и ако сте личност која често ги допира другите за време на разговорот, обидете се да се воздржите од допирите насочени кон спротивниот пол. Прегратката за добра ноќ е сосема во ред, но избегнувајте притискање на колената и рамената или држење за раце.

Бидете искрени

Природата на машко-женскиот однос е таква што во секоја платонска врска може да дојде момент кога една од овие личности ќе се запраша дали може да има нешто повеќе. Доколку вие сте помислиле на тоа, не бегајте од ситуацијата со молчење, туку одма решете ја. Признајте ѝ на другата личност што чувствувате и на тој начин избегнете ги непријатните ситуации кои би можела да ги донесе иднината.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар