Прифатете ги промените: 5 знаци кои покажуваат дека сте исплашени да ја прекинете вашата љубовна врска

Иако можеби мислевте дека ќе биде лесно да ја прекинете вашата љубовна врска и дека сѐ ќе се случи по природен пат, сепак, тоа не е така едноставно и сосема нормално е да се чувствувате исплашени кога ќе дојде тој момент. Може да се плашите за себе или пак дека ќе го повредите вашиот партнер, но и дека во иднина нема да пронајдете некој друг. Проблемот е што ниту една од овие причини не е доволна за да останете во врска што не ве исполнува. Понекогаш е тешко да си признаете дека ќе треба да се одделите еден од друг, но трудете се да бидете реални. Самиот факт што сакате да ставите крај на вашата врска покажува дека нешто не е во ред. Доколку и вие останувате со вашиот партнер само затоа што се плашите, време е да ги преземете работите во свои раце и да ги промените.

Прифатете ги промените: 5 знаци кои покажуваат дека сте исплашени да ја прекинете вашата љубовна врска

Погледнете ги овие пет знаци што ви покажуваат дека вие останувате во љубовната врска само затоа што чувствувате страв.

1. Загрижени сте дека ќе изгледате како лоша личност

Никој не сака да ги повреди чувствата на својот партнер, но понекогаш треба да се случи и тоа. Иако длабоко во себе вие знаете дека не сакате да останете во таа врска, сепак, не се одлучувате да заминете за да не се чувствувате како лоша личност. Потсетете се дека и за двајцата е подобро да се одделите, отколку да останете во лоша врска.

2. Не сте свои

Уште еден знак дека сакате да ја прекинете врската, но не се осмелувате да го направите тоа, е што повеќе не сте опуштени со вашиот партнер. Запаметете дека секогаш треба да заминете доколку повеќе не се чувствувате свои.

3. Постојано се карате за истите работи

Ако повторно и повторно се карате за исти работи, не успевате да најдете решение и никој од вас не го менува својот став, тогаш треба да си признаете дека е време да се оддалечите.

Прифатете ги промените: 5 знаци кои покажуваат дека сте исплашени да ја прекинете вашата љубовна врска

4. Се избегнувате еден со друг

Понекогаш, кога сакате да ја прекинете врската со вашиот партнер, се надевате дека ќе ви помогне повременото исчезнување, а потоа ќе очекувате полека да почнете да се избегнувате еден со друг. Кога ќе престанете да имате време и желба за некого, тоа е сигурен знак дека треба да се разделите.

5. Се преправате дека не согледувате некои работи

Некои работи како што се лажењето, изневерувањето или пак зависноста, не можат да се прикријат или да се избегнат. Не преправајте се дека сѐ е во ред кога има работи што ве повредуваат. Само вие знаете што ви одговара, а што не, па според тоа ваша лична одлука е дали ќе продолжите со некого или ќе ставите крај.

Прифатете ги промените: 5 знаци кои покажуваат дека сте исплашени да ја прекинете вашата љубовна врска

Бидете реални

Во некои ситуации врските мора да завршат. Треба да запаметите дека најчесто тоа не е ваша или вина на вашиот партнер. Понекогаш љубовта престанува да постои или пак партнерите сфаќаат дека не се еден за друг. Бидете искрени со себе и не преминувајте ги границите кои си ги имате поставено.

Не обвинувајте се себеси

Со тоа што ќе се обвинувате себеси нема да ги промените работите. Наместо тоа, бидете задоволни дека сте се ослободиле од нешто што не ве исполнувало, па сега имате можност да продолжите понатаму.

Потсетете се колку е убаво да се биде сингл

Дури и да сте личност која сака да биде во врска, подобро е да бидете сами отколку со личност која не ве прави среќни. Ќе имате време за себе, да ги средите своите чувства и шанса да дознаете што сакате од наредниот партнер.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар