Придржувајте се до овие 9 правила и вашиот син ќе израсне во прекрасен човек

Придржувајте се до овие 9 правила и вашиот син ќе израсне во прекрасен човек

Оние родители кои имаат синови и ќерки најдобро знаат да ја забележат разликата при воспитувањето на децата од различните полови. Врската мајка – син отсекогаш се истакнувала како особено цврста и нераскинлива. Но, за да се изгради здрав и квалитетен однос потребни се некои „непишани“ правила, кои ги практикуваат успешните мајки на синови.

Мајките кои имаат синови, многу често се наоѓаат пред одредени предизвици, за кои им треба многу трпение и разбирање. Сепак станува збор за човек од спротивниот пол, кој има одредени потреби, а тие потреби треба секогаш да се разберат. Доколку и вие имате син, прочитајте како да развиете посебен однос со вашето дете и како да му помогнете на патот кон постигнување на неговите успеси, без притоа да бидете премногу наметливи и да одлучувате наместо него.

(0) Придржувајте се до овие 9 правила и вашиот син ќе израсне во прекрасен човек

1. Никогаш не му се смејте на вашиот син!

Кога жена му се смее на маж, тоа за него е најчесто трауматично искуство, а кога му се смее неговата мајка, тогаш тоа може да прерасне во длабока траума. Без оглед дали му се потсмевате што наопаку ги облекол фармерките, невешто нацртал куче или затоа што изјавил љубов на девојчето од соседната клупа. Мажите се особено чувствителни по тоа прашање, уште од своите најрани години (тоа многу добро го знае секоја мајка која има син). Вашето потсмевање ќе го памети сиот живот и никогаш нема да ви прости.

2. Секогаш одговарајте на сите негови прашања

Во секое време! Исто така, избегнувајте ја онаа фраза „кога ќе пораснеш, ќе сфатиш“. Треба да бидете подготвени да одговорите во секое време на секое прашање. Доколку не знаете, подобро кажете си искрено. Но, потоа потрудете се да го пронајдете вистинскиот одговор и да му одговорите, иако можеби ќе ви требаат и неколку дена за тоа.

Ве збунува? Прашањето од вашиот син ви ги поцрвенува образите? Одлично – ете прилика да размислите и да анализирате уште еден свој комплекс. Затоа што прашањата кои ви ги поставуваат вашите деца, а кои ви создаваат непријатно чувство, откриваат некои ваши недостатоци. Но, притоа во себе немојте да го осудувате вашиот син. Одговорете му дека прашањето ве ставило во недоумица и оти мора да размислите. Побарајте малку време, а децата немаат никаков проблем со тоа. Тоа е всушност убавината во одгледувањето на децата, преку нив, созреваат и родителите.

3. Побарајте и прифатете совет од синот

Не можете ниту да си замислите со каква леснотија детето може да реши некој ваш „возрасен“ проблем поради кој со години сте ја удирале главата в ѕид. Децата можат да најдат соодветен одговор за секое прашање, без исклучок. Од прашањата каков да биде вашиот нов стан, зошто постојано сте во конфликт со некоја личност, па сè до тоа зошто нешто не правите како што треба. Така момчето се учи да биде маж, кој лесно ќе донесува одлуки и ќе биде потпора во семејството. Едноставно покажете му доверба и почит, а тој ќе ви возврати со квалитетни решенија и одговори.

4. Заборавете на фразата „Сто пати сум ти кажала“

Дури и ако сте зборувале, а тој не слушал, сменете го пристапот. Вие немате право да се натпреварувате со детето за што било што, а тоа „Сто пати сум ти кажала“ е всушност натпреварување во кое мајката се насладува со „победата“. Сте биле во право? Одлично, но радувајте се молчешкум. Вашиот син сè ќе сфати, не мора да му посочувате со прст.

(1) Придржувајте се до овие 9 правила и вашиот син ќе израсне во прекрасен човек

5. Пофалете го!

Воодушевувајте му се на вашето дете, без притоа да му посочувате на некои мали корекции. Едноставно кажете му „Одлично е!“ Детето кое добива пофалби, најчесто дава сè од себе да биде подобро, затоа што со пофалбите му давате мотивација да оди напред.

6. Поддржете го секој негов сон

„Сакам да бидам подводен археолог“ – одлично. Купете му книги поврзани со таа тема. „Сега сакам да бидам сликар“. И тоа е одличен избор, купете му книги и одведете го во галерии и музеи. „Се предомислив, сакам да бидам инженер…“ Детето има право на избор. Додека се мали поддржувајте ги, а вистинскиот избор тие ќе го направат во почетокот на 20-те години од животот. И тогаш, како и додека биле мали момчиња, поддржете ги во нивната одлука, колку и да не се согласувате со изборот на вашиот син.

7. Доколку момчето плаче…

Значи дека има некаков проблем. Можеби за вас е голема глупост што се расплакал затоа што во градинка за ручек му дале ориз, наместо омиленото гравче, но тоа за детето е огромен проблем. За него секоја неволја во којашто ќе се најде е огромна. Тогаш вашата задача е да го смирите, без оглед колку години има вашето дете. Запомнете, детето не смее неутешно да плаче, никогаш.

8. Не држете му „лекции“

За ова правило нема потреба да се дава поголемо објаснување. Наместо со „лекции“ обидете се да пријдете на еден помек и потопол начин.

9. Вие сте секогаш на неговата страна

Но, не само со зборови, туку и на дело. Никогаш не го напаѓајте пред наставниците, другарите, роднините… Пред луѓето тој е секогаш во право, а потоа дома со длабок и конструктивен разговор дојдете до проблемот и обидете се да најдете решение. Тогаш вашиот син ќе стекне доверба во вас и ќе може да ви ги постави и најневеројатните прашања. Едноставно ќе биде сигурен во вас и во вашата поддршка, а тоа е сонот на секоја мајка. Тој сон, со многу труд и трпение, може да се оствари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар