Причините заради кои изневеруваат жените

Причините заради кои изневеруваат жените

Дали сте се запрашале некогаш од кои причини жените се одлучуваат на неверство, а од кои мажите? Дали причините се исти? Кој помудро се носи со неверството? Одговорите на овие прашања ни ги дава Трејси Кокс, најпознатата жена-сексолог во светот.

Според Кокс, причините поради кои изневеруваат едните и другите се менуваат со текот на времето. Некогаш жените изневерувале затоа што едноставно престанале да чувствуваат љубов кон своите момчиња и сопрузи, но денес тоа го прават заради желбата да доживеат нови сексуални искуства, додека истовремено, во најчест случај, сè уште чувствуваат љубов за својот партнер.

Исто така, и ставот на жените во однос на прељубата се променети. Заради тоа тие денес се осудуваат да направат работи кои порано не смееле ни да им паднат на памет. Дамите чувствуваат извесна доза на вина, но се трудат да ја ублажат убедувајќи се себеси со фактот дека се добри сопруги и мајки и дека врската со друг ги прави да се чувствуваат повесело, позадоволно и поенергично за живеење на животот.

Истовремено, Кокс напомнува дека аферите не се нужно лоши по бракот или врската. Дури, често може и да помогнат да се подобри односот со оглед на тоа дека после прељубата, жените чувствуваат самодоверба и среќа, заради што го подобруваат и својот однос кон нивните партнери.

Истражувањата покажуваат дека денешните жени изневеруваат исто колку и мажите, но жените се многу помудри во прикривањето на трагите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар