Превкусно варено вино

Специфичен вкус за сите љубители на виното…Превкусно варено виноПотребни состојки за 6 дози:

  • 750 мл суво црвено вино
  • 120 мл вода
  • 120 мл сируп од пченка
  • лушпа од портокал
  • половина стапче цимет
  • 4 каранфилчиња
  • половина морско оревче

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја ринглата, а во тенџере ставете го виното, водата и сирупот од пченка.

2. Во мрежичка или во газа ставете ги лушпата од портокал, стапчето цимет, каранфилчињата и морското оревче. Убаво заврзете ја мрежата и ставете ја во тенџерето.

Превкусно варено вино

Мрежа за готвење

3. Сѐ заедно се вари 2 часа на повисока температура.

4. По два часа извадете ја мрежата за готвење од тенџерето и вареното вино сипете го во стаклени шолји. Декорирајте по желба, со парче портокал или стапче цимет.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар