Превкусни брускети со чери домати и моцарела

Предјадење од кое ќе ги лижете прстите…Превкусни брускети со чери домати и моцарелаПотребни состојки:

  • 1 багет
  • 120 г моцарела
  • 3 лажици маслиново масло
  • 300 г чери домати
  • 1 лажиче балсамико
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • сол
  • бибер
  • неколку ливчиња босилек

Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Земете една тава и врз неа постелете парче хартија за печење.

Багетот исечете го на тенки парчиња и наредете ги врз хартијата. Врз нив нанесете 2 лажици од маслиновото масло и ставете ги да се печат во рерна 8-10 минути, за да добијат убава кафена боја.

Потоа врз секое лепче ставете по едно парче моцарела и ставете ги повторно во рерна 3-4 минути за моцарелата убаво да се стопи.

Во голем сад, ставете ги чери доматите, претходно исечени на половина, остатокот од маслиновото масло, балсамико оцетот, лукот, сол и бибер и убаво измешајте.

Врз секое лепче ставете од смесата од садот и декорирајте со ливче босилек.

Јадете ги веднаш.Превкусни брускети со чери домати и моцарела


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар