Преубав совет од една мајка кој може да се примени на секоја љубовна врска

Оваа порака една мајка ја испратила на својата ќерка кога таа се обидувала да сфати дали треба да го прости неверството на партнерот. Мајка ѝ и татко ѝ биле заедно 37 години и таа зборувала од своето искуство, но советот во пораката може да се примени на секоја љубовна врска.

Тешко е да се пронајде вистинската љубов, но и да се дознае дека е вистинска додека не ја изгубиш. Кога ќе се сетам колку јас и твојот татко бевме млади, необично е тоа што сè уште сме заедно и што можеме позитивно да одговориме на овие големи животни прашања. Сепак успеавме. И ако сакаш да дознаеш дали и тој е вистинскиот за тебе, тогаш размисли за своите одговори…

Дали си подобра личност кога си со него и дали го извлекува од тебе она најдоброто?

Ќе сакате ли да бидете партнери и заемно да се почитувате, а не да се расправате кој е помоќен?

Ќе сакате ли да си ги подржувате соништата, дури и кога нема да ги разбирате?

Можете ли да бидете искрени еден кон друг кога се тешките работи во прашање? Можете ли еден на друг да си ги простите малите грешки и да се развивате со нивна помош како личности?

Ќе сакате ли да бидете тука еден за друг кога времињата ќе бидат тешки, но и прекрасни?

Можете ли да си дадете доволно простор еден на друг и ја сфаќате ли важноста на времето за себе кај вашиот партнер?

Ти се допаѓа ли кој е тој, што сака од животот и работите кои му се важни?

Те привлекува ли физички и емоционално?

Дури и после одговорите на овие прашања, важно е да го слушаш твојот инстинкт и срце. Немој премногу да размислуваш, туку направи како што се чувствуваш. Тоа е моето скромно мислење.

Бакнежи!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар