Претворете ја свилената марама во модерно летно парче облека

Доколку веќе некое време сакате да испробате нешто ново, нешто оригинално што немате прилика да го видите секој ден на улица, тогаш ние ја имаме вистинската идеја за вас! Сѐ што ви е потребно е една свилена марама која можете да ја стилизирате на повеќе начини. Едно е сигурно – вашата модна комбинација нема да помине незабележано, плус, големи се шансите дека многу девојки ќе се обидат да ја копираат од вас.

1-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Стоите пред полн гардеробер и немате што да облечете, па избирате обични фармерки, заврзувате една обична свилена марама и проблемот е решен. Подготвени сте за излегување во град. Не може да биде поедноставно од ова, а воедно е доволно впечатливо да привлече внимание. Најверојатно досега сте мислеле дека свилените марами излегле од мода и сте ги поврзувале со дамите со одредени години, што секако не е точно. Доволно е да го погледнете Инстаграм профилот на Ријана и да видите како таа ужива покрај базенот носејќи една ваква марама наместо горен дел од костим за капење. Секако, таа не го започна овој тренд, но дефинитивно го направи популарен. Овој изглед ќе направи да изгледате шик и кул без ниту малку труд, а тоа е всушност најголемиот моден успех. Благодарение на една марама ќе имате 5 нови и различни топ блузи, а тоа никако не може да ви наштети.

2-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Како точно да ја носите свилената марама како блуза?

Постојат повеќе начини на кои марамата може да се заврзе и воедно да изгледа како да е таква купена, а не импровизирана. Плус, ќе ви одземе само 5 минути од вашето време.

За почеток, ќе ви биде потребен еден градник без прерамки. Ставете ја марамата врз него, заврзете ја напред и во зависност од тоа што повеќе ви се допаѓа, ќе ги оставите краевите да паѓаат надолу или ќе ги вовлечете под неа. Едноставно, зар не? Покрај тоа, марамата секогаш можете да ја врзете зад вратот.

7-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Втората опција е да ја превиткате марамата како триаголник, да го ставите тој триаголник од предната страна врз градникот, кој е без прерамки, и да ја заврзете на грбот. Така ќе добиете топ без прерамки напред и полуотворен грб назад.

3-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Во комбинација со марамата можете да носите најразлични парчиња облека, од обични фармерки, долги или кратки здолништа, па дури и малку поелегантни панталони. Ист е случајот со обувките, па слободно изберете патики, сандали или пак, високи потпетици.

5-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Ова е дефинитивно решение што секогаш можете да го изберете. Одлично е за топлите, летни денови, кога ќе посакате да имате помалку гардероба на себе, но притоа да изгледате шик и модерно. Но, можете да ја комбинирате и за некое вечерно излегување, кога ќе посакате да оставите добар моден впечаток во околината. Секако, за користењето на марамите за оваа намена во текот на летните денови на море воопшто не треба да зборуваме.

4-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_8-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_6-napravi-sam-pretvorete-ja-svilenata-marama-vo-moderno-letno-parche-obleka-www.kafepauza.mk_

Доколку во вашиот гардеробер имате поголема летна марама, погледнете на кои начини можете да ја носите марамата ова лето.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар