Препознајте го верниот маж

Препознајте го верниот маж

Дали понекогаш посакувате да постои формула за полесно препознавање на верноста кај мажите? Иако не постои 100% гаранција за такво нешто, сепак одредени карактеристики може да предвидат дали тој е предиспониран да биде верен.

Препознајте го верниот маж

Тој ги почитува жените

Мажот кој има почит кон понежниот пол е помалку наклонет да ја гледа жената само како објект. Според бихејвиористичкиот специјалист и терапевт, Патрик Ванис, начинот на кој мажот прави нешто е всушност начинот на кој тој прави сè. Тоа значи дека ако тој ги почитува жените, тогаш сигурно не е заинтересиран за авантура за една вечер.

Тој е емоционално интелигентен

Емоционалната интелигенција е голем показател за тоа дали мажот е предодреден да биде верен или не. Како да дознаете колку тој е емоционално интелигентен? Едноставно, забележете дали тој размислува пред да дејствува и како се справува со расположението на луѓето околу него.

Препознајте го верниот маж

Тој го исполнува ветувањето

Личноста која има интегритет ја покажува својата посветеност преку тоа што го прави, не преку тоа што го кажува. Верниот маж ќе го одржи ветувањето што ви го дал. Тој ќе вечера заедно со вас, дури и ако неговите пријатели имаат билет повеќе за натпреварот кој тој не би сакал да го пропушти.

Тој не бара внимание

Мажот кој копнее по сечие внимание е способен да го игнорира однесувањето на жената кое можеби веќе ја преминало границата на толеранција. Ова можеби изгледа безопасно на почетокот, но ако таквото однесување продолжи, може да доведе до сексуална тензија.

Препознајте го верниот маж

Тој е сигурен во себе

Несигурноста и желбата за внимание одат рака под рака. Мажот кој е сигурен во себе добива целосно признание за тоа од една жена. Нему не му се потребни повеќе жени истовремено за да му ја потврдат сигурноста. Ако тој е сигурен во себе, тогаш лесно ќе ги признае своите слабости без воопшто да си го повреди егото.

Тој не ризикува

Оној кој презема ризици најчесто се води според начелото дека ќе има со што да се здобие, додека верниот маж размислува поинаку. Тој не сака да ризикува затоа што така може повеќе да изгуби, отколку да добие. Верниот маж нема да ве изневери затоа што не би ризикувал да ја изгуби вашата љубов.

Препознајте го верниот маж

Тој е благодарен

Човекот кој го цени животот чувствува исполнетост која ја обезбедува неговата верност. Тој секогаш е задоволен со тоа што го има и не бара повеќе, па затоа никогаш нема да побара нешто подобро. Едноставно, верниот маж е благодарен за тоа што веќе го има.

Тој знае како да комуницира

Наместо да ги игнорира проблемите и да ги потиснува негативните чувства, верниот маж има капацитет да биде отворен во врска со своите емоции. Тој без никаков проблем ќе ѝ каже на жената доколку не е среќен или ако неговите потреби не се исполнети.

Препознајте го верниот маж

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    i zaa kraj … toj ne postoi… 😀

    • Марија Reply

      хаххахаха само што сакав да го додадам тоа 🙂

  2. Име Reply

    postoi..:) jas imam takov maz pokraj sebe..:-)

    • Анонимен Reply

      blaze tebe

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор