Преместете ја канцеларијата во вашиот дом: 10 занимања кои можете да ги работите од дома

Зар не би било прекасно да не морате секое утро да трчате до станицата за потоа да се туркате во преполните автобуси заедно со останатите кои исто како вас се брзаат за на работа? Многу луѓе веќе некое време го немаат овој проблем, бидејќи работат од својот топол и удобен дом, а гледајќи ги статистичките податоци за растот на таканаречените хонорарни позиции, ќе ги има сѐ повеќе!

Најголемата платформа за финансирање „Upwork“ идентификува 10 високо платени занимања на својот сајт. Податоците се однесуваат само на работниците од Велика Британија, но сигурни сме дека оваа листа ќе ви биде корисна ако планирате да се посветите на ваквиот начин на работење.

1. Позајмување на гласот за видеа (80 евра за 1 час)

Луѓето со симпатичен глас и впечатливи способности за презентирање може да ја испробаат својата среќа во нарација на најразлични видеа: од оние кои нудат помош во домот, до реклами или едукативни видео презентации.

2. Дизајнирање инфографици (50 евра за 1 час)

Вештините потребни за визуелно поинтересен приказ на комплексните информации се сѐ повеќе ценети.

3. Пишување статии од областа на финансиите (45 евра за 1 час)

Авторите на ваквите текстови собираат информации од финансискиот пазар или ги составуваат веќе постоечките извештаи, било за менаџмент, за блоговите на компаниите или веб-сајтовите кои се посветени на берзата.

4. Пишување нацрт за договори (40 евра за 1 час)

Хонорарците од оваа бранша мораат да бидат добро упатени во економската гранка за која пишуваат договори, како и за релевантното законодавство.

5. Вработување на новите работници (39 евра за 1 час)

Многу компании одлучуваат оваа функција на одделенијата за човечки ресурси да ја „префрлат“ на луѓето надвор од фирмата, кои ќе бидат оние кои ќе ги пронајдат, ќе ги тестираат и ќе ги изберат најдобрите кандидати за соодветниот работен профил.

2-premestete-ja-kancelarija-vo-vashiot-dom-10-zanimanja-koi-mozhete-da-gi-rabotite-od-doma-www.kafepauza.mk_

6. Финансиско предвидување (32 евра за 1 час)

Фирмите сѐ повеќе ангажираат хонорарци за предвидување на финансискиот пресврт во некој период (најчесто во текот на една година). Работата бара анализа на интерното сметководство и продажбата на компанијата, но и глобалните економски трендови.

7. Програмирање (30 евра за 1 час)

Доколку имате познавања од новата технологија, тогаш дефинитивно би требало да аплицирате за оваа работа.

8. Превод од шпански на англиски јазик (30 евра за 1 час)

Во глобализираниот свет, преведувачите се сѐ повеќе потребни во секој посериозен бизнис. Особено кога е во прашање комбинација на јазиците како што се шпанскиот и англискиот.

9. Пишување CV (30 евра за 1 час)

Доброто CV може да ја отвори вратата на големите работни успеси. Експертите за нивното склопување се сѐ повеќе барани.

10. Интернет маркетинг од типот „Плаќање по клик“ (28 евра за 1 час)

Новите начини на комуникација значат и нови начини на промоција. „Плаќање по клик“ или „Pay per click“ е само еден од начините да заработите многу пари на оваа брзорастечка гранка на маркетингот.

Прочитајте ги и овие 13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар