Преку трњето до ѕвездите: Мал работен водич низ почетничките тешкотии!

Преку трњето до ѕвездите: Мал работен водич низ почетничките тешкотии!

Кога започнувате да го чекорите патот во некоја професија, кога се обидувате да се афирмирате или пак додека започнувате некоја нова работа, која штотуку треба да разработи, некое време мора да се жртвувате. Тоа веројатно многупати сте го чуле од луѓе кои поминале низ почетничките тешкотии и кои повеќепати минувале низ почетоци, бидејќи ги менувале своите професии. Тие добро знаат дека патот можеби може да се премине малку побрзо, но директно до развојната фаза не може да прескокнете. Во почетокот, морате малку да патите и да стравувате – да минете низ трње.

Young woman using computer in office

1. Работа без надоместок

Ако јасно ја гледате својата цел, без размислување ќе тргнете по тој пат, право низ трњето. Луѓето ќе ве прашуваат зошто го работите тоа, кога не ви се исплати, но не обѕрнувајте им се и не им објаснувајте – тие ја немаат вашата визија. А оние кои поставуваат такви прашања, секако немаат ни најмала идеја дека постојат работи кои би ги работеле без плата, просто бидејќи ги сакате и се пронаоѓате во нив. Притоа не мислиме на приправнички стаж, ниту на времето поминато во обука за некоја работа, после која следува награда, туку на авантурата во која заминувате со отворени очи и затреперено срце, бидејќи тоа е шансата која сте ја чекале – приликата да се докажете, да привлечете внимание, да станете вешти и на крај да започнете да заработувате, работејќи го она што најмногу го сакате.

2. Прекувремена работа

Ова е нешто на што никој не смета и не го бара од вас, но вам ви е потребно, за што подобро да навлезете во суштината на она што го работите, за да постигнете подобри резултати од конкуренцијата, да ги покажете вашите квалитети, да се вложите цели, целата своја компетенција, вештини и способност за да направите нешто најдобро што можете. Подоцна, кога ќе се извежбате, докажете или ќе стекнете помошници за некои сегменти од процесот, ќе можете да пронајдете малку заслужено слободно време.

3. Стравот дека можеби нема да успеете

Што и да правите, немате гаранција. Патот е несигурен, бара од вас да дадете сè од себе, да се вложите, да работите и да се трудите, а наградата можеби ќе дојде. А можеби и нема. Анксиозноста поради која можеби целиот ваш труд ќе пропадне, нема да ви помине. Стравот е неминовен следбеник на ризикот, но исто така и бесмислен. Нема да ве предупреди каде лежи вистинската опасност, а можеби ќе направите некои грешки, баш затоа што стравувате да не ги направите. Освен тоа, што и да направите и во што и да вложувате, ќе стекнете драгоцено искуство и ќе добиете обука во пракса, којашто нема да ја заборавите. Сè што знаете, во некој момент ќе можете да го употребите, а болната фаза на почетокот на приказната, ќе ве научи како брзо и полесно да ја преминете во некоја следна, нова приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар