Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Многу жени кои имаат подолги коси избегнуваат да ги врзуваат во коњско опавче затоа што сметаат дека таа фризура е премногу детска. Но, тоа не мора да биде секогаш така. Станува збор за една од најпопуларните фризури на сите времиња, а особено се препорачува за топлите летни денови. Има голем број варијанти на ваквиот начин на целосно врзување на косата, кои ќе можете да ги носите во различни пригоди – по дома, на работа, вечерни излегувања со пријателите, па сè до големи свечености. Најголемата предност е што самите можете да си ја уредите вашата коса.

1. Едноставно и класично

(1) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Цврсто врзана коса наназад, на средна висина, во уредна и класична фризура. Овој начин плени со својата едноставност и остава „главниот збор“ во изгледот да го имаат модните парчиња и секако, искрената насмевка на дамата.

2. Ниско и цврсто затегнато опавче

(2) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Овој елегантен стил подразбира ниско поставено и цврсто затегнато опавче. Тоа е обвиено со еден прамен којшто излегува од опавчето и тоа му дава особен шарм и романтичен изглед. Вака врзаната коса можете да ја носите на работа, на училиште, но и на свечени церемонии со долги тоалети и соодветна шминка.

3. Ниско и лабаво врзано опавче

(3) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Овој начин на врзување особено доаѓа до израз кај подолги коси. Најубаво изгледа поставено на страна, така што долгите прамени би ја следеле линијата на телото. Иако, може да се врзе и веднаш кај тилот, а долгото опавче би се слевало по должината на грбот.

4. Романтичен изглед – комбинација од плетенки и опавче

(4) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Овој стил им се препорачува на дамите кои имаат долги и кадрави коси. Природните прекршувања на косата искористете ги да ги сплетете во необични плетенки кои на крајот, над тилот ќе се спојат во прекрасно коњско опавче, кое би се спуштало по должина на грбот или ќе го ставите на страна, во зависност од облеката којашто ја носите. Овој стил прилега за сите пригоди и совршено се вклопува со најразлични модни комбинации.

5. Високо кренато и малку разбушавено

(5) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Овој начин на врзување на коњското опавче оддава еден лежерен изглед. До израз доаѓаат убавите црти на вашето лице, а можете да го носите на работа, на кафе, на вечерни излегувања.

6. Високо кренато и елегантно опавче

(6) Префинето и со стил: Носете ја косата во коњско опавче

Овој стил е сличен на претходниот, само што тука ништо не е оставено на случајноста. Секое влакно од косата е уредно наместено и девојките кои ги носат своите коси на овој начин, зрачат со посебен сексапил и одраз на уредност. Овој стил се препорачува за поголеми свечености, затоа што да се добие таа перфекција потребен е многу лак за коса. Доколку сакате во текот на целата забава фризурата да остане иста, носете со вас спреј за зацврстување на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар