Предупредување од забарите: 7 намирници кои им се непријатели на вашите заби

Сите ние добро знаеме дека десертите предизвикуваат кариес, а црвеното вино остава дамки на забите доколку често го консумираме. Но, постојат и други намирници кои изгледаат безопасно, а кои можат да им наштетат на забите и да ја уништат ефикасноста на оралната хигиена. Ви откриваме кои намирници вашиот забар сака да ги избегнувате.

1-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_

1. Семки од сончоглед

Тие имаат цврста надворешна лушпа која може да ги оштети забите кога ќе се обидувате да ја загризете. Ако сте љубител на овие здрави грицки, подобра опција се веќе излупените семки.

2. Коцки мраз

И тоа како би требало да го избегнувате дробењето на коцките мраз со заби. Кога ќе притиснете два кристала еден со друг, еден мора да пукне. Семките сончоглед и коцките мраз може да предизвикаат оштета на забната глеѓ, бидејќи станува збор за тврди намирници. Исто така, консумирањето на доста студен мраз може неповолно да делува на забите.

3-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_

3. Спортски пијалаци

Иако овие пијалаци содржат електролити кои им помагаат на мускулите после тренингот, немојте да заборавите дека се полни со шеќери. Не е лошо понекогаш да се напиете некој спортски пијалак, но немојте да ви прерасне во навика.

4. Вода со вкусови

Иако водата со вкусови нема шеќер, содржи киселини кои ги уништуваат забите. Заради додатоците како што се шеќерот или киселините, водата со вкусови и спортските пијалаци ја менуваат pH вредноста на плунките, односно ја заголемуваат киселоста, а тоа ја намалува отпорноста на забната глеѓ. Кога ќе се уништат сите слоеви глеѓ, тешко дека ќе се обноват. Тогаш забите стануваат чувствителни на кариес, воспаленија и инфекции. Најдобро е да консумирате обична вода.

5. Суво овошје

Заради својата лепливост сувото овошје подолго се задржува на забите, а активноста на бактериите кои го разградуваат шеќерот расте, како и киселоста, односно на овој начин може да дојде до создавање кариес.

2-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_

6. Чипс

Храната која содржи скроб, како што е чипсот, предизвикува кариес. Ензимите во плунката започнуваат процес на варење на оваа храна во вашата уста разградувајќи ја од јаглехидрати во шеќери кои стануваат храна за бактериите во устата. Чипсот може да се задржи помеѓу забите, односно да допринесе се развивање на забен кариес. Па, ако повремено уживате во чипсови, обидете се после консумирањето да го измиете од забите со доста вода и да користите конец за заби.

7. Алкохол

Алкохолот ја суши устата и така допринесува за создавање кариес. Заради намаленото произведување плунка се губи нејзината функција на миење, а со тоа се зголемува чувствителноста на забите и на слузницата на усната шуплина. Морате да внимавате за количината и колку често консумирате алкохол, како и на адекватната орална хигиена.

Понекогаш знаеме да веруваме во погрешни работи, па затоа погледнете ги овие митови за забите во кои луѓето порано цврсто верувале.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар