Предностите на негативните емоции: Како да ја претворите зависта во мотивација?

Сите ние сме луѓе кои се оформени од чувства и емоции. Начинот на кој се однесуваме и комуницираме со другите покажува какви сме. Сите поминуваме низ позитивни и негативни емоции, но тоа не значи дека чувствуваме сè одеднаш. Љубомората и зависта се можеби најнепријатните емоции кои имаат негативни аспекти.

prednostite-na-ljubmorata-kako-da-ja-pretvorite-zavista-vo-motivacija-kafepauza.mk

Овие емоции се негативен одговор на делата на некоја личност, или пак на некој настан. Иако изгледаат исто, зависта и љубомората имаат неколку разлики. Зависта е емоцијата која ве тера да посакувате нешто туѓо. Таа се фокусира на негативноста на една личност. Од друга страна, љубомората е на некој начин страв од губење нешто. Таа се фокусира на ривалството. Љубомората е негативна емоција, но зависта може да има и свои предности.

Причините за завист може да бидат различни. Некои луѓе сметаат дека успехот на другите не е фер. Други пак мислат дека некој друг е одговорен за нивниот неуспех. Некои истражувања покажале дека нашиот мозок реагира на зависта како таа да е физичка болка.

Во продолжение следуваат неколку совети за тоа како да ја претворите зависта во ваш пријател и како да ја искористите во ваша корист. Најпрво треба да ја откриете причината за нејзиното појавување, а потоа направете стратегија за да ја искористите.

1. Научете лекција

Секоја приказна за успех може многу да ве научи. Размислете за работите кои ќе ви помогнат и кои можете да ги употребите во ваша корист.

2. Размислете за вашите грешки

Запрашајте се за работите што сте ги оставиле. Можеби и вие ги имате истите способности како вашиот ривал, но на некој начин сте ја испуштиле можноста. Анализирајте го патот на успехот на вашиот ривал.

3. Поставете си правилни стандарди

За да постигнете нешто, важно е да си поставите реални стандарди. Можеби вашите биле премногу ниски, па имале негативно влијание на вашиот напредок. Или пак сте имале превисоки очекувања кои било невозможно да ги постигнете.

4. Признајте го успехот на вашите ривали

Можеби најтешкото нешто е признанието за успехот на вашиот соперник. Ќе најдете сила кога ќе признаете дека некој друг успеал. Тогаш ќе можете да размислувате чисто. Полесно ќе откриете на кој начин успеале другите луѓе.

5. Почнете да им се восхитувате на другите

Треба да знаете како да ја претворите зависта во восхит. Наместо да ги мразите луѓето поради нивниот успех, научете како да им се воодушевувате за постигнатото и научете нешто од нив.

6. Имитирајте ги ривалите

Штом вашиот соперник стигнал до својата цел, значи неговите методи биле правилни. Обидете се да го повторите неговиот пат до успехот, но како што ќе се движите адаптирајте го на своите потреби.

7. Одредете точка од која нема враќање

Очигледно е дека и вашите соперници имале по некој неуспех. Откријте ги овие грешки и немојте да ги повторувате.

Овие совети навистина ќе ви користат. Секогаш имајте на ум дека и вие можете да ја постигнете посакуваната цел. Разгледајте ја ситуацијата од повеќе аспекти и разгледајте го патот на успехот на другите. Споредете ги нивните методи со вашите и почнете да работите на себе. Исто така, немојте да ги заборавите вашите силни страни и секогаш употребувајте ги. Наскоро и вие ќе го славите успехот, и вие ќе восхитите некој друг.

Погледнете и кои се токсичните чувства од кои треба да се ослободите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар