Пред да се одлучите да се навикнете или одвикнете од нешто, поставете си ги овие прашања

Секој сака да се откаже од своите лоши навики и да ги замени со нешто подобро. На пример, половина час спиење да го замените со половина час вежбање или пак пиењето сок да го замените со пиење вода. Но, најчесто реализирањето на овие желби застанува на половина пат. Според Гречен Рубин, причината е лошата самопроценка пред да започнете. Рубин, автор на книгата „Подобри од претходно“, вели дека познавањето на својата личност е од клучно значење кога се обидувате да смените некоја навика или однесување.

Пред да се одлучите да се навикнете или одвикнете од нешто, поставете си ги овие прашања

Таа издвојува 4 работи коишто треба да ги идентификувате кај себе. Тие се следниве:

1. Дали сте личност наклонета кон утрото или кон ноќта. Идентификувајте го ова кај себе за да можете да ги прилагодите своите навики. На пример, доколку немате потешкотии при станувањето наутро, тогаш вежбањето можете да го сместите во утринскиот распоред. И обратно, доколку повеќе сте наклонети кон вечерта, тогаш идеалното време да вежбате е во некој дел од ноќта. Во зависност од тоа, ова нема да ви претставува проблем и полесно ќе можете да се привикнете.

2. На кој начин работите? Дали сте личност која сака секој ден да сработува по малку или пак, личност која сака сѐ да заврши пред да се приближи крајниот рок? Првата група личности работат поефикасно кога се поблиску до крајниот рок, затоа што тогаш се повозбудени, додека пак со останатите е обратен случај.

3. Дали ви се допаѓа едноставност, тишина, лична канцеларија, минимализам, или пак, изобилство, големи канцеларии, отворен разговор со колеги и слично? Некои луѓе се навикнати да работат во тишина, додека пак други не можат да замислат да не зборуваат со колегите додека работат. Замислете дека веќе подолго време работите од дома и одеднаш треба да одите на работа каде што ќе имате еден куп колеги. Дали би ви било лесно да ја вметнете оваа навика во вашиот живот? Вие треба да избирате околина каде што ви е најлесно да работите со цел да можете да ги прикажете вашите најдобри квалитети!

4. Дали сте личност која преферира да ги завршува или започнува работите? Некои луѓе сакаат да завршуваат, во буквална и во метафорична смисла, додека пак други обожаваат да започнуваат работи. Првата група сака да го вкуси крајот, додека пак другите се возбудени при секој нов почеток. Затоа, најдобро е да ја познавате природата на својата личност, па врз основа на тоа да ги прилагодите вашите навики.

Погледнете го и следново видео за повеќе информации на оваа тема.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар