Празнична инспирација: 7 идеи за елегантни, женствени и секси фризури

Празнична инспирација: 7 идеи за елегантни, женствени и секси фризури

Со почетокот на ноември некако природно доаѓа она грозно прашање со полн ентузијазам – каде за дочекот на новата година? Многумина мислат дека сè уште е рано за тоа, додека некои веќе имаат испланирано совршен дочек или пак имаат отприлика претстава за тоа што го сакаат. Па, доколку не ви е рано за ова прашање, тогаш не е ни рано за инспирација кога станува збор за празничните фризури, зар не?

1-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

1. Со оглед на тоа дека Новата година се смета за исклучително свечено случување, еден од изборите на многумина ќе биде фризурата која е синоним за елеганција и стил – пунџа. Малку неуредна, но сепак и понатаму занесна и на крај, доста практична доколку излегувате на журка или во ресторан. „Висечките“ обетки заедно со оваа пунџа ќе бидат вистински погодок!

2-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

2. Од друга страна пак, без разлика каква прилика ве очекува, сосема исправената коса е секогаш добар и „проверен“ избор.

3-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

3. За девојките кои сакаат подигната коса, еве уште една практична фризура – високо, исправено опавче. Заедно со вака стилизираната коса, вашата шминка ќе дојде до полн израз, а впечатливиот накит исто така може да биде добар додаток.

4. Во согласност со празничната атмосфера, доколку сакате едноставни фризури, доволно ќе биде да изберете впечатлив украс за коса кој привлекува внимание и со него да ја украсите вашата фризура. Едноставно, а секогаш ефективно.

4-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

5. Може да се каже дека овие две фризури ја одбележаа минатата година – пунџа не врвот од главата, односно полу подигната коса, а втората фризура е, секако, плетенките. Па така, зошто не би ја завршиле и оваа година во тој стил и да направите некоја од овие две, омилени фризури? Секако, кога се во прашање плетенките, имате навистина голем простор за експериментирање.

5-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

6. Свечената прилика секогаш асоцира на свечени фризури, а свечените фризури секогаш асоцираат на локни и бранови. Без разлика дали ќе одберете поблаги, меки и дискретни локни или пак, локни во холивудски стил, ќе изгледате елегантно, женствено и секси.

6-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_

7. Ревиите на познатите брендови ни претставија фризури кои се задолжителни за наредните сезони, но кои можеме да ги испробаме уште сега, за дочекот на Новата година. Интересна пунџа од јазол или ниско опавче збогатено со лента во некоја боја, која не мора секогаш да биде црна, ќе биде одличен избор за девојките кои не сакаат премногу да комплицираат.

7-dokolku-nemavte-inspiracija-11-idei-za-praznichni-frizuri-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар