Правила за женското пријателството: Работи што (не) ги прават добрите пријателки

Правила за женското пријателството: Работи што (не) ги прават добрите пријателки

Не е важно колку години имате, единствена работа што никогаш не „умира“ се правилата на женското пријателство. Понекогаш е добро да разговарате за некои проблеми и да ги поддржувате своите пријателки, но исто така постојат работи за кои би било подобро да стоите што подалеку од нив. Ова се работи што најдобрите пријателки (не) треба да ги прават.

1-pravila-na-zhenskoto-prijatelstvoto-raboti-shto-ne-gi-pravat-dobrite-prijatelki-www.kafepauza.mk_

Работи што треба да ги правите:

Поддржувајте ги! Не треба секогаш да се согласувате со вашите пријателки, но секогаш треба да ги поддржувате. Без разлика за што станува збор, дали е тоа прекин на долгогодишна врска или пак бојадисување на косата во руса. Бидете тука за нив, особено ако тие се премногу чувствителни.

Сослушајте ги! Живееме во време кога сме премногу зафатени. Поентата на пријателството е да бидете тука за нив во добро, лошо или во што и да е измеѓу. Без разлика колку сте зафатени, потрудете се да одвоите малку од вашето време за да разговарате со вашите пријателки, особено ако на нив навистина им е потребно тоа.

Охрабрете ги! Животот може да биде застрашувачки, може да биде тешко да оставите нешто зад себе или пак да пробате нешто ново. Дозволете им на вашите пријателки да знаат дека сте тука за нив и дека ќе ги поддржувате во сѐ што тие замислиле. Најдобрите пријатели никогаш не дозволуваат своите пријателки да прават луди работи… без нив!

Кажете им ја вистината, дури и кога е болна! Иако понекогаш сите ние сакаме да слушнеме дека момчето што ни го скршило срцето ја сфатило својата грешка и сака да ја поправи, овие лаги нема да му помогнат никому. Вистинската пријателка ќе ви го каже она што треба да го слушнете, а не она што сакате. Така е најдобро за сите.

Истакнувајте ги нивните позитивни страни! Сите ние поминуваме некој период во животот кога мислиме дека сè излегува од контрола и немаме никој покрај нас. Додека вашите пријателки минуваат низ ваква фаза не заборавајте да ги потсетите на сите позитивни особини што тие ги имаат. Сите добри работи што им се случиле и она што го направиле за вас. Помогнете им кога им е најтешко.

Помогнете им да бидат најдобрата верзија од себе! Ако дознаете дека вашата пријателка има потешкотии околу нешто, помогнете ѝ. Доколку таа има важна презентација која треба да ја заврши до утре помогнете ѝ или пак предложете ѝ некои идеи. Бидете тука за неа и помогнете ѝ да биде најдобрата верзија од себе.

Сфатете дека пријателството е реципрочно! Може да ги вложите сите напори во вашето пријателство, но како и во сите односи, тоа е двонасочна улица. Ако давате повеќе отколку што примате, можеби е време да го преиспитате тоа пријателство.

Планирајте ги вашите излегувања! Најважно е да ги одржувате работите свежи. Може лесно да западнете во рутина гледајќи постојано една иста серија. Следниот пат, заедно со вашата пријателка, облечете нова облека и посетете нов ресторан, или пак пробајте нешто ново. Ќе имате заедничка авантура што ќе ви ги зацврсти вашите односи уште повеќе.

Смејте се! Што е поентата на пријателството без смеа? Многу е важно да се смеете заедно во среќните, но и во тажните моменти. Запомнете дека треба да се забавувате! Сепак, создавате заеднички спомени.

Сфатете дека е многу тешко да најдете вистински пријатели! „Кога некој ќе ви покаже каков е, верувајте му.“ – Маја Ангелоу. Ако вашите пријателки се подолго време во вашиот живот, тогаш тоа е доказ дека тие се тука за вас и ве сакаат. Дозволете им да знаат дека вие го цените тоа и дека покрај нив сте она што навистина сте.

2-pravila-na-zhenskoto-prijatelstvoto-raboti-shto-ne-gi-pravat-dobrite-prijatelki-www.kafepauza.mk_

Работи што НЕ треба да ги правите

Не зборувајте им зад грб! Тие ќе дознаат! Ако не ви се допаѓа нешто во врска со вашите пријателки, кажете им го тоа веднаш. Не зборувајте зад нивниот грб ако не сакате вашите пријателки да го дознаат тоа од некој друг. А тоа верувајте, воопшто не е добро за вас и вашето пријателство.

Не откривајте ги вашите тајни! Ако имате заедничка доверба, не кршете ја. Не е важно дали личноста на која ќе ѝ ја откриете тајната ја познава вашата пријателка или не. Тоа е голем прекршок. Сигурно вие не сакате вашите тајни да бидат откриени некому, дури ниту на некој којшто никогаш нема да го запознаете.

Не менувајте ги плановите! Константното одбивање на плановите е лошо. Договорете се и придржувајте се до планот сè додека навистина немате некоја итна работа. Ако ги одбивате постојано, тие ќе започнат да прават планови, секако без вас!

Не ја ставајте врската пред пријателството! Да, добро е да поминувате поголем дел од своето време со своето момче, но што ќе се случи ако еден ден прекинете? Не можете да очекувате вашите пријателки да бидат тука за вас ако целото свое време сте му го посветиле на вашето момче. Потрудете се да го распределите своето време подеднакво.

Не натпреварувајте се со нив! Вие сте пријателки, не натпреварувачи. Не одете намерно по она што тие го сакаат или го имаат.

Не повредувајте ги кога имаат тежок период! Ако вашите пријателки минуваат низ тежок период во животот, не им отежнувајте дополнително. Ако немате нешто убаво да им кажете или да ги расположите, молчете.

Не помислувајте на некој нејзин бивш! Не, не, тоа е лоша идеја. Можеби мислите дека тој е љубовта на вашиот живот, но не е. Таа врска нема да успее. Може да сметате дека вашето пријателство ќе заврши ако посегнете по некое нејзино бившо момче.

Не кажувајте дека ќе биде сè во ред, кога нема да биде! Можеби сакате да ги утешите вашите пријателки кога нешто сакаат да постигнат, но исто така е многу важно да не им давате лажна надеж. Подобро да им укажете на тоа отколку да им давате лажни очекувања.

Не го прекинувајте пријателството после едно несогласување! Лесно е да го прекинете пријателството после една караница, но што ќе се случи ако прекинувате со сите пријателки на тој начин? Научете се на компромис и простувајте.

Не осудувајте ги! Нема да правите исти работи како вашите пријателки, но и тие нема да прават исти работи како вас. Тоа е поентата. Ако правите исти работи како вашите пријателки, тогаш може да се дружите сами со себе. Почитувајте ги нивните различни размислувања и однесувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар