Правете го само она што го сакате: 10 совети за среќа од рускиот психолог Михаил Лабковски

Правете го само она што го сакате: 10 совети за среќа од рускиот психолог Михаил Лабковски

Зошто сме несреќни, кои препреки на патот до среќата можеме да ги сретнеме и како да ги надминеме? За сите овие теми, на концизен и луциден начин, моќно зборува најпознатиот руски психолог Михаил Лабковски.

1-pravete-go-samo-ona-shto-go-sakate-10-soveti-za-srekja-od-ruskiot-psiholog-mihail-labkovski-www.kafepauza.mk_

1. Не плашете се од среќата

Поголемиот дел од луѓето израснале во семејства кои не уживаат во животот и каде што членовите немаат навика да зборуваат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и да се смеат се пренесува и на децата, кои почнуваат да мислат дека така функционира овој свет. Втората грешка е да мислите дека за сето добро мора да платите подоцна. Ние се плашиме да почувствуваме задоволство во животот и го поврзуваме тоа со нешто лошо.

2. Престанете да се жалите

Што добивате кога се жалите на некого за вашите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не да ги решите проблемите. Тоа е еден вид култ за жалење – наш изум. Полесно е да патите отколку да живеете среќно. Здравата личност или ќе ја забележи ситуацијата каква што е, или ќе ја промени истата. Невротичната личност нема да го стори ни едното, ни другото. Тоа се однесува и на физичката болест – додека психички здравата личност се лекува од болеста, невротичната личност ќе сака да биде болна, бидејќи на тој начин ќе има причина за жалење. Тоа е скоро како хоби – да си измислите проблем за себе и да патите за него.

3. Разликувајте ги реалните проблеми од оние измислените

Разликата помеѓу здравата и невротичната личност е во тоа дека вистинската личност се грижи за реални проблеми, додека другата пати од измислени.

4. Не обидувајте се да им помогнете на сите околу вас

Желбата да им помогнете на сите наоколу е предизвикана од страв, дека можеби нема да ве сакаат поради она што сте, па низ помошта кон другите се обидувате да ја подигнете сопствената самодоверба. Затоа, ако некој не ве замолил да му помогнете, не чепкајте ја таа личност, туку посветете им се на оние на кои навистина им е потребна вашата помош.

5. Не одговарајте доколку не ве прашале

Кога со зборови или со дејства ќе одговорите на непоставените прашања, вие ја покажувате вашата вознемиреност. Еднаш поминував со својата девојка покрај бутикот, таа виде некој фустан и ми кажа: „Колку убав фустан!“ Кога ништо не одговорив, ми кажа: „Знаев дека не си маж!“ Јас би ѝ го купил тој фустан доколку ме прашаше, но ако вие во таквата ситуација веднаш трчате да платите на касата, тогаш сте несигурна личност.

2-pravete-go-samo-ona-shto-go-sakate-10-soveti-za-srekja-od-ruskiot-psiholog-mihail-labkovski-www.kafepauza.mk_

6. Разликувајте ја љубовта од зависноста

Луѓето никогаш нема да го напуштат она што го сакаат. На пример, пушењето. Јас пушев 37 години, а последните 3 години пушев по 3 кутии дневно. Еднаш престанав да пушам, кога докторот ми кажа дека сум готов. И тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам дури кога си кажав себеси дека не ги сакам цигарите, а не дека сум зависен од нив. Невротичните луѓе не можат да ја разликуваат љубовта и зависноста.

7. Рутината не е секогаш лоша

Јас имам активна рутина (читам и предавам) во последните 37 години и се чувствувам прекрасно. Невротичните луѓе не можат да живеат на мир, се плашат дека нешто нема да стигнат да направат, завршуваат по 5 факултети, секогаш се вознемирени и чувствуваат непријатност ако не прават ништо.

8. Менувајте се себеси, а не другите

И тоа најпрво се однесува на одгледувањето деца. Не можете да ги присилите да прават нешто, ако и вие самите не го правите истото. Децата не го усвојуваат она што вие им го зборувате, туку она што го правите и начинот на кој се однесувате кон другите. Во овој случај многу е корисен советот од стјуардесата: „Прво ставете ја воздушната маска на себе, а дури потоа помогнете му на детето до вас!“

9. Полесно прифаќајте туѓа критика

Сетете се на ситуацијата: Вие седите во автобус и влегува стара баба. Целиот автобус ве гледа луто и вие, колку што е можно побрзо, станувате од местото. Зошто го правите тоа, кога бабата не побарала ништо од вас? Причината се крие во ниската самодоверба и стравот од осудување. Експериментирајте – обидете се да останете на место ако не сакате да станете, без разлика што зборуваат луѓето наоколу. Со тек на време ќе забележите дека туѓата оцена може успешно да се игнорира.

10. Правете го само она што го сакате

Класичен пример за тоа е ситуацијата кога си играте со вашите деца затоа што „така треба“ и бидејќи сте добра личност, а тоа значи – мора да си играте со вашите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте си со нив само тогаш кога сакате да си играте, бидејќи и тие ќе почувствуваат дека тоа го правите од чувството на должност, а не од заинтересираност. А, чувството на должност не е љубов. Занимавајте се со децата кога сакате и колку сакате, бидејќи секако имате и многу други обврски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар