Прашања што ќе ви го променат животот и ќе ви ја подобрат самодовербата кога се чувствувате немотивирано

Прашања што ќе ви го променат животот и ќе ви ја подобрат самодовербата кога се чувствувате немотивирано

Кога последен пат се разбудивте возбудени и во исчекување да постигнете одредена цел или да си ги остварите вашите соништа? Кога го изгубивте ова чувство и зошто? Ако не го знаете одговорот на овие прашања, тогаш не сте единствени. Одвреме-навреме на сите им се случува. Токму тогаш се појавува и притисокот да се мотивираме и да најдеме начин како да продолжиме понатаму, па затоа се појавуваат и мислите како „Зошто не можам да завршам ништо до крај?“ или „Јас сум губитник, ништо не можам да направам како што треба“. Овие мисли ќе ви ја исушат креативноста и ќе ве заглават во круг од кој многу тешко се излегува. За да си помогнете, поставете си ги следниве прашања и брзо ќе се вратите на правилниот пат.

Прашања што ќе ви го променат животот и ќе ви ја подобрат самодовербата кога се чувствувате немотивирано

„Дали се чувствувам фрустрирано бидејќи моите желби се неисполнети?“

Главната причина поради која губиме мотивација е затоа што нештата не ни се случуваат толку брзо колку што би сакале. Повеќето „мисии“ ни пропаѓаат бидејќи резултатите не ги исполнуваат очекувањата. Па доколку се чувствувате фрустрирано затоа што нешто не ви успева, вратете се на самиот почеток. Фокусирајте се на желбата што првично ве натерала да почнете и потсетете се на емоциите што ви ги предизвикувала за да се потсетите и зошто всушност го правите тоа што го правите.

„Дали мојата сегашна ситуација повеќе не ми претставува предизвик?“

Сѐ што правиме во животот треба да ни биде можност за растење и учење нешто ново за себеси. Кога ќе престанеме да растеме, животот ни станува здодевен, а ние се исполнуваме со очај и немир. Ако стагнирате, запрашајте се дали можеби не чувствувате никаков предизвик во тоа што го правите. Ако тоа е случајот – време е за голема промена во вашиот живот.

„Дали моите очекувања се нереални?“

Нереалните очекувања можат само да ве спречат при движењето напред. Тешко е да останете мотивирани ако постојано се чувствувате разочарани. Имањето визија е клучно, но поставувањето нереални цели се трик на вашето его што понекогаш се обидува да ве спречи да излезете од удобната зона. Со други зборови, егото реагира на страв – и покрај тоа што неговата цел е да ве чува на безбедно, често може да ве заглави во безизлезна ситуација. Намалете ги очекувањата и брзо ќе се вратите на правилниот пат.

„Дали се грижам доволно за себе?“

Кога имате недостиг на мотивација, често тоа може да биде знак дека се запоставувате себеси. Ако се ставате на последното место од листата на приоритет, тогаш дефинитивно правите нешто погрешно. Фокусирајте се на себеси и дајте си повеќе внимание и грижа.

„Дали се споредувам со другите?“

Ова може да ве натера да се гледате низ магла и да ве спречи да се движите по правилниот пат. Наместо да се споредувате со другите, гледајте нанапред. Фокусирајте се на својот пат и на тоа што вие можете да го постигнете, без да се вртите наназад. Тоа е единствениот пат да ги остварите сите свои цели и да ја зачувате мотивацијата на високо ниво.

Прочитајте ги и овие 10 цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар