Познатата манекенка Каролин Марфи ги споделува своите моќни совети за среќен и исполнет живот

Во своите четириесетти години, Каролин Марфи е вистински пример за остварена и среќна жена која може да се пофали со значајна кариера која ја остварила во модната индустрија. Како што објаснува таа, животот на манекенките на некој начин е номадски: „Секогаш си на аеродром, и целиот твој живот е спакуван во еден куфер“. Како голема ѕвезда на модната сцена во деведесеттите години на минатиот век, Каролин водела живот со пренатрупан распоред и многу журки и забави. Да го промени тој начин на живот за неа претставувало предизвик, па затоа ѝ било потребно доста време да постигне благосостојба умот и телото. Токму поради тоа, Карлин се одлучила да ги сподели своите 6 правила за среќен живот.

1-karolin-marfi-6-pravila-za-srekjen-zhivot-na-legendarniot-amerikanski-model-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш имајте сет козметика при рака

Ова е особено важно кога патувате, бидејќи на тој начин полесно ќе можете да се изборите со црвените очи. На Каролин ѝ е важно да се појави во новата временска зона потполно одморена и уредна, па затоа и секогаш носи со себе цел сет козметика. Таа исто така никогаш не патува без својата свилена маска за очи и чепови за уши. Дури и ако не ги користите во текот на авионскиот лет, никогаш не знаете дали во хотелската соба ќе има соодветна атмосфера за одмор.

2. Одвојте време за подготовка пред спиење

Без разлика каде се наоѓа, Каролин секогаш се труди да одвои малку време за себе пред да замине на спиење и тоа обично го прави на веќе познати начини. Како што вели, кога патува обично со себе носи морска сол за бања. Манекенката, исто така, препорачува користење на омилените свеќи или темјан, како и добра релаксирачка книга која можете да ја читате пред да го изгасите светлото. Не гледајте во својот телефон пред да ги затворите очите, нагласува Каролин, бидејќи на тој начин ќе го активирате мозокот и потоа нема да се наспиете доволно.

3. Обрнете внимание на хидратацијата, но и на изборот на пијалаци

Хидратацијата е вашата најдобра одбрана од заморот, а алкохолот и кофеинот само ќе ги зголемат несаканите влијанија од временската разлика. Каролин избегнува консумирање алкохол и користење апчиња за спиење. Никој не сака да создаде зависност од апчиња, а доколку имате проблеми со сонот, многу е подобро во вашата исхрана да воведете додатоци на база на мелатонин.

2-karolin-marfi-6-pravila-za-srekjen-zhivot-na-legendarniot-amerikanski-model-www.kafepauza.mk_

4. Во вашата исхрана воведете сезонска храна која е богата со здрави масти

За да остане здрава во текот на зимата, манекенката открива дека се држи до навиката во недела да приготвува чорба. Преполна со хранливи материи и здрави масти, таа претставува одличен оброк во текот на зимските месеци. Кога станува збор за грицките, наместо да одите до првата продавница за да купите примамлива нездрава храна, Каролин советува во својата исхрана да додадете јаболко и путер од бадеми. Секогаш избирајте храна која содржи здрави масти, вклучувајќи авокадо, кокосов крем, путер и слично. Тие ќе го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта, што ќе ви даде енергија во текот на целиот ден.

5. Зајакнете го вашиот имунитет со суплементи

Најважните суплементи кои би требало да го внесувате се витамин Ц, ехинацеа и пробиотик, кои ќе го подигнат вашиот имунолошки систем и ќе го одржуваат вашето тело во топ форма.

6. Медитирајте

Со оглед на тоа дека доста долго време практикува медитација, Каролин ја пронашла мантрата која ги чита нејзините мисли. Таа вклучува античка пракса која исто така е дел од личниот пат до самодовербата. Служете се со сето она што ви одговара – гледајте во пламенот на огнот, слушајте релаксирачка музика. Уживајте во моментот, бидејќи тоа е најдобрата работа која можете да ја направите за себе во текот на денот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар